Прејди на содржината

Буковиќ

Координати: 41°58′5″N 21°14′12″E / 41.96806° СГШ; 21.23667° ИГД / 41.96806; 21.23667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Буковиќ
Буковиќ во рамките на Македонија
Буковиќ
Местоположба на Буковиќ во Македонија
Буковиќ на карта

Карта

Координати 41°58′5″N 21°14′12″E / 41.96806° СГШ; 21.23667° ИГД / 41.96806; 21.23667
Општина  Сарај
Население 1.842 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1063
Шифра на КО 25020, 25520
Надм. вис. 499 м
Буковиќ на општинската карта

Атарот на Буковиќ во рамките на општината
Буковиќ на Ризницата

Буковиќ — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Буковиќ се наоѓа во западните делови на Скопската Котлина, во близина на автопатот Скопје - Тетово. Селото се наоѓа на десниот брег на реката Суводолица.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Дервент во Скопската каза во Отоманското Царство.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948611—    
1953654+7.0%
1961668+2.1%
1971871+30.4%
19811.256+44.2%
ГодинаНас.±%
199128−97.8%
19941.622+5692.9%
20021.723+6.2%
20211.842+6.9%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 43 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 155 мажи муслимани, со 12 новороденчиња и еден христијанин, собирач на данок[2]. Се проценува дека селото во тој период имало 334 жители.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Буковиќ живееле 180 жители, сите Албанци.[4]

Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[5] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.[7]

На пописот од 2002 година, селото имало 1.723 жители, од кои 1.721 Албанец, 1 Македонец и 1 останат.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.842 жители, од кои 1.769 Македонци и 73 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 180 611 654 668 871 1.256 28 1.622 1.723 1.842
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Буковиќ е албанско село.

Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:

  • Салае (22 к.), Деме (11 к.), Дервише (11 к.) и Мулаи (8 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од некое место во северна Албанија.
  • Леске или Карач (9 к.) доселени се од селото Биче кај Љума во Албанија.
  • Шумили (3 к.) доселени се, но не знаат од каде.
  • Торбеши (6 к.) и Дибрани (10 к.) потеклото на овие два рода е торбешко. Порано нивните предци збореле македонски. Доселени се од Долна Река и Дебарско.[14]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  3. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  5. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  6. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]