Горно Соње
Горно Соње | |
Координати 41°56′53″N 21°23′4″E / 41.94806° СГШ; 21.38444° ИГД | |
Општина | Сопиште |
Население | 362 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25055 |
Надм. вис. | 628 м |
Горно Соње на општинската карта Атарот на Горно Соње во рамките на општината | |
Горно Соње на Ризницата |
Горно Соње (познато и како Горно Солње) — село во Општина Сопиште, во областа Каршијак, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Каршијак, во јужното подножје на планината Водно. Горно Соње е едно од највисоките села во Општина Сопиште на надморска височина од 850-1024 метри кај црквата „Св. Никола“. Оддалечено е 11 километри јужно од Скопје.
Во крајниот југоисточен дел на атарот се наоѓало некогашното село Слатина.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 69 христијански семејства и 5 вдовици христијани.[2]
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 24 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 78 мажи христијани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 170 жители.[3]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 351 жител.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Соње живееле 254 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Соње имало 384 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 219 жители, од кои 207 Македонци, 9 Срби и 3 други.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 362 жители, од кои 290 Македонци, 1 Влав, 7 Срби, 3 останати и 61 лице без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 254 | 320 | 586 | 476 | 381 | 239 | 182 | 124 | 113 | 219 | 362 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
[уреди | уреди извор]Горно Соње е македонско православно село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:[14]
- Староседелци: Младеновчиња (3 к.) и Дудукој (4 к.) порано чинеле еден род; Стојаној (21 к.) во овој род била омажена и некоја жена од Бутел, и по неа сега еден дел од родот се вика Бутљевчиња. Други дела од овој род се викаат Поповци, Несторовци и Ѓорчеј; Тутуној (10 к.); Бачој (5 к.) имаат прекар и Мечкари. Но не знаат како го добиле; Кочиовци (4 к.).
- Доселеници: Милевци (14 к.) доселени се од некое место во Дебарско. Ги викаат и Дебрани. Основачот на родот е доселен како домазет; Младеној (3 к.) порано биле еден род со споменатите Милевци; Патлиџаној (4 к.) доселени се од Кумановско; Павлевчиња (2 к.) доселени се од селото Кучково. Крлевче (1 к.) доселени се од Кумановско. Шетаре (1 к.) доселени се од селото Јаболци. Куќа им направиле Младеновци и така се останати овде.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви
- Црква „Св. Никола“ од средновековието, подоцна обновена
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Горно Соње
- Богоја Стојанов (1926-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Добре Боневски (1922-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Драга Божинова (1923-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Илија Трпевски (1928-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Киро Стојановски (1926-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Најдо Стојановски (1917-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.488
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Филозофски факултет. Отсутно или празно
|title=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сателитска снимка на Горно Соње на Карти на Гугл
|