Ново Село (Скопско)
Ново Село | |
![]() Поглед кон Ново Село | |
Координати 42°01′09.49″N 21°21′21.68″E / 42.0193028° СГШ; 21.3560222° ИГДКоординати: 42°01′09.49″N 21°21′21.68″E / 42.0193028° СГШ; 21.3560222° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 1264 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1060 |
Повик. бр. | 02 |
Шифра на КО | 25847 |
Надм. вис. | 259 м |
![]() |
Ново Село — населба во Општина Ѓорче Петров, во градот Скопје.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено во западниот дел на Скопската Котлина. Лежи северно од населбата Ѓорче Петров и јужно од Волково. Практично е споено со Даме Груев на југ и Кисела Јабука на север.
Во западниот дел на атарот, преку железничката пруга е маалото Машиче, а на југоозапад се издига Оризарски Рид.
Историја[уреди | уреди извор]
На крајот од XIX век Ново Село било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ново Село живееле 208 Македонци христијани и 300 Арнаути муслимани.[2][3]
Во селото работеле двете најголеми странски пропаганди. Според бугарски извори од 1903 г. целото христијанско население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија, нарекувајќи го „србоманско“.[4] Според патријаршискиот митрополит Фирмилијан во 1902 г. во селото имало 27 „српски“ патријаршистички куќи.[5] Согласно сознанијата, бугарската пропаганда потоа ја истиснала српската. Според податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ново Село има 320 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[2][6]
На етничката карта од 1927 година Леонард Шулце Јена го покажува Ново Село (Novoselo) како село со нејасен етнички состав.[7]
На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележил Ново Село двапати — еднаш како македонско село и еднаш како село со нејасен етнички состав.[2][8]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
На пописот од 2002 година, селото имало 8.349 жители. Следува табела на националната структура на населението[9]
Националност | Вкупно |
Македонци | 7 082 |
Турци | 26 |
Роми | 869 |
Албанци | 14 |
Власи | 14 |
Срби | 274 |
Бошњаци | 5 |
останати | 68 |
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Ново Село има 1.264 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 1.176 |
Албанци | 2 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 41 |
Бошњаци | 0 |
Други | 45 |
Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Богоја Стевковски (1915-1945) - македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[10]
- Ангел Маневски (1921-1945) - македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 208. ISBN 954430424X.
- ↑ Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 296.
- ↑ Извештај на скопскиот митрополит за бројот на куќи под негово водство, 1902 г.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 131. На
|first=
му недостасува|last=
(help)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|