Арачиново
Арачиново | |
![]() Панорама на Арачиново | |
Координати 42°01′35″N 21°33′42″E / 42.02639° СГШ; 21.56167° ИГДКоординати: 42°01′35″N 21°33′42″E / 42.02639° СГШ; 21.56167° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 7.991 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1045 |
Шифра на КО | 25003 |
Надм. вис. | 267 м |
![]() |
Арачиново — село во Општина Арачиново, во околината на градот Скопје и центар на истоимената Општина Арачиново.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на рамничарските предели на северна Скопска Котлина, или на јужните граници на Скопска Црна Гора, на надморска височина од 267 метри.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Скопската каза во Отоманското Царство.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Арачиново живееле 205 жители, од кои 175 Македонци и 30 Роми.[2]
Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Арачиново имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Во 1961 година селото има 1.037 жители, од кои 296 Македонци, 406 Албанци, 188 Турци, 25 Срби и 122 останати.
На пописот во 1994 биле попишани 6.328 жители, а на последниот попис од 2002 година селото има 7.315 жители и претставува едно од најголемите села во Македонија, поголемо и од неколку помали македонски градови. Следува табела на националната структура на населението[4]
Националност | Вкупно |
Македонци | 594 (иселени 1.290) |
Албанци | 6.677 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 1 |
Срби | 10 |
Бошњаци | 2 |
останати | 31 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Лица без под.[6] | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 584 |
1953 | 256 | 166 | 133 | 81 | — | 1 | — | — | — | 637 |
1961 | 296 | 406 | 188 | — | — | 25 | — | 122 | — | 1.037 |
1971 | 306 | 1.641 | 430 | 25 | — | 12 | — | 22 | — | 2.436 |
1981 | 627 | 4.372 | 478 | — | — | 15 | — | 248 | — | 5.740 |
1994 | 620 | 5.675 | 1 | — | — | 18 | — | 14 | — | 6.328 |
2002 | 594 | 6.677 | — | — | 1 | 10 | 2 | 31 | — | 7.315 |
2021 | 4 | 7.777 | — | — | — | — | — | — | 210 | 7.991 |
Личности[уреди | уреди извор]
- Исмет Рамадани — македонски политичар
- Аце Стојановски (1965-2002) — жртва на албанскиот тероризам
- Велко Стојановски (1923-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Борис Танковски (1922-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Поголем дел од македонското население е раселено по Воениот конфликт во 2001 година, односно тие се внатрешни бегалци. Кај албанското население има иселување во странство.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постојат избирачките места бр. 2333, 2333/1, 2334, 2334/1, 2335, 2335/1, 2336, 2336/1, 2337 и 2337/1 според Државната изборна комисија, сите сместени во основното училиште.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Црква „Талалеј“ во Арачиново - изградена во 1994 година, единствената црква во селото Арачиново..
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 114-115.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Арачиново на Карти на Гугл
|