Аце Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Аце Стојановски (Арачиново, 1965Арачиново, 10 февруари 2002) е жртва на албанскиот тероризам.[1] На 10 ноември 2002 година отворајќи ја влезната врата од куќата на неговиот брат во скопското село Арачиново експлодирала монтирана мина на внатрешната страна од вратата, при што на лице место загинал Аце Стојановски, а неговиот шура е тешко повреден.

Пред и по убиството на Аце Стојановски не престана теророт врз Македонците во Арачиново. По војната продолжи уништувањето на куќите на македонските семејства. Довчерашни соседи влегувале и ги демолирале домовите, сите врати и прозорци се искршени, на ѕидовите е испишано „УЧК“, дури и човечки измет се наоѓаше среде собите.[2]

Случај Аце Стојановски[уреди | уреди извор]

Инцидентот во кој загина Стојановски се случи на 10 февруари 2002 година во околу 11 часот и 25 минути кога тој заедно со неговиот пријател дошле во куќата на братот на Стојановски за да проверат дали е се во ред. Во моментот кога Стојановски го отворал катанецот од вратата, монтираната експлозивна направа се активирала по што на лице место починал Стојановски, а неговиот пријател се здобил со теши повреди. За време на увидот полицијата открила уште една неактивирана бомба монтирана на прозорецот.

Загинатиот Аце Стојановси беше авто механичар во ЈСП, зад себе ја остави сопругата и двете малолетни деца. Арачиновци за својот сосед велат деа бил исклучително мирен и почитуван човек. Поради тоа што не можел да се врати во родното село, Стојановски со семејството живеел во Домот за самци „Рака Милановиќ“, заедно со други иселеници од кризните региони.

Весникот „Нова Македонија“ прецизира дека братот на загинатиот Аце е еден од сведоците на масакрот на полицајците што се случи на 11 јануари 2000 година на влезот од Арачиново, кога на влезот на селото беше пукано во полициска патрола. Познато е дека В.С. покрај тоа што е припадник на посебната единица, туку беше и еден од сведоците во судскиот процес за тројното убиство на неговите колеги полицајци Ацо Ангеловски, Кирил Петрушевски и Ерол Готак, што се случи на 11-ти јануари 2000 година. Тој бил првиот човек што се појавил на местото на злосторството, но на судењето тој не кажал ништо што би ги посочило шестмината обвинети за убиството.[3]

Реакции[уреди | уреди извор]

Министерот за внатрешни работи трагичниот настан во Арачиново го оквалификуваше како „војна после војна“ и додаде оти „тоа се методи со кои се служи Албанската национална армија“. „Настанот во Арачиново е војна после војна“, изјави тогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, додавајќи дека „настанот покажа дека во Македонија има структури кои не го сакаат мирот“. „Тоа се методи со кои се служи АНА, која со своето дејствување покажува дека е дестабилизирачки фактор во Македонија“, рече Бошкоски. Во истиот ден, после дознавање на убиството на Аце Стојановски, пред македонското собрание протестрираа раселените Арачиновци кои прашаа каде да се вратат ако куќите им ги минираат и кој е за доверба, а кој за етничко чистење.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бомба уби Македонец — повратник во Арачиново“. Дневник. 11.02.2002. конс. 30.10.2017. 
  2. "Огништата ни се мили, ама главите помили"“. Дневник. 19.01.2002.  Unknown parameter |http://www.time.mk/arhiva/?d1= ignored (помош);
  3. „Со црковни почести погребан Аце Стојановски од Арачиново“. А1. 11.01.2002.  Unknown parameter |http://www.time.mk/arhiva/?d1= ignored (помош);