Ерол Готак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ерол Готак
07.01.1973 – 11.01.2000 (27 г.)

Роден во:Радовиш, СР Македонија
Починал во:Арачиново, Скопско, Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Инспектор во МВР
Единици: СВР Скопје
Одличја: Медал за храброст

Ерол Готак (Радовиш, 7 јануари 1973Арачиново, Скопско, 11 јануари 2000) бил македонски бранител со турско потекло, инспектор во СВР Скопје. Загинал на 11 јануари 2000 година заедно со уште двајца полицајци на влезот во скопско Арачиново при вооружен напад над полициска патрола.[1][2] Одговорноста за овој подмолен напад во 2001 година ќе ја презеде терористичката ОНА. Беше неженет. Готак посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[3]

Заседа во Арачиново[уреди | уреди извор]

Пртвите жртви на УЧК во Македонија[уреди | уреди извор]

На 11 јануари 2000 година на влезот на селото Арачиново, подмолно и ѕверски убиени беа во заседа Ерол Готак, Кирил Петрушевски и Ацо Ангеловски, припадници на МВР. Една година подоцна, кога започнува воениот конфликт во Македонија, терористите од ОНА ќе ја презедат одговорноста за оваа заседа. Тогаш полицајците вршеа рутинска контрола на автомобили трагајќи по сторители на кражби во главниот град. Вечерта околу 22:30 часот четворица полицајци сопреа автомобил. Зад сопреното возило застанале три други автомобили од кои излегле четворица напаѓачи. Тројца од нив пукале кон полицајците од автомати, а еден од пиштол.

Крунскиот сведок на судењето за заседата, преживеаниот полицаец Новковски, тогаш тврдеше дека ноќта на полицајците им било кажано дека одат на специјална задача, за пронаоѓање крадени луксузни возила. Во специјалната акција тие биле пратени без панцир, гас-маска и без автоматска пушка, а згора на сето тоа немале ниту батериска ламба. Возилата ги проверувале со запалка. Според сведочењето, егзекуторот на полицајците бил во возило „опел кадет".

Им се судеше на Лирим Динарица, Рамиз Асани, Муча Бајрами, Башким Асани, Агим Асани, Наим Асани и Емрула Емрула. По завршувањето на првата судска постапка, обвинетите беа ослободени и притворот им беше укинат. Тогаш Основното јавно обвинителство, според исказот на првообвинетиот Лирим Динарица, го комплетираше обвинителниот акт. Тој во истражна постапка го признал убиството, а потоа на судењето даде спротивен исказ.

После толку години, сè уште сторителите не се казнети и шетаат на слобода.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002
  2. „Сведокот заборави што кажал за убиството на тројцата полицајци“. Утрински Весник. 16 октомври 2006. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-01-18.
  3. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2018-01-29.
  4. „Судскиот процес за убиството на полицајците во Арачиново - 12 години без епилог“. Макфакс. 18 април 2012. Архивирано од изворникот на 2012-06-22. Посетено на 2015-01-18.