Прејди на содржината

Мојанци (Скопско)

Координати: 42°2′51″N 21°34′17″E / 42.04750° СГШ; 21.57139° ИГД / 42.04750; 21.57139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мојанци
Мојанци во рамките на Македонија
Мојанци
Местоположба на Мојанци во Македонија
Мојанци на карта

Карта

Координати 42°2′51″N 21°34′17″E / 42.04750° СГШ; 21.57139° ИГД / 42.04750; 21.57139
Општина  Арачиново
Население 2.912 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25090
Надм. вис. 428 м
Мојанци на општинската карта

Атарот на Мојанци во рамките на општината
Мојанци на Ризницата

Мојанци — село во Скопскиот Регион и второ по големина село во Општина Арачиново, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на рамничарските предели на северна Скопска Котлина, или на јужните граници на Скопска Црна Гора. Оддалечено е 15 километри североисточно од Скопје.

Во повисоките делови на атарот се наоѓало поранешното село Бара, напуштено некаде помеѓу двете светски војни.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Мојанце и било муслиманско, со 17 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 83 мажи муслимани, со 17 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 200 жители.[2]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Мојанци живееле 120 жители, од кои 30 Македонски христијани и 90 Арнаути[3] муслимани.

Во 1913 година, во селото биле евидентирани 185 жители. Било дел од Општина Брњарци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[4]

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Мојанци имало 120 жители, од кои 90 Албанци и 30 Македонци.[5]

На пописот од 2002 година, селото имало 2.325 жители. Следува табела на националната структура на населението:[6]

Националност Вкупно
Македонци 2
Албанци 2.315
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 8

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:[7]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 120[5] 120[8] 361 414 392 537 120 1.519 2.325

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Мојанци има 2.912 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 1
Албанци 2.865
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 46

Мојанци е албанско село.

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Демовци (23 к.) потекнуваат од предокот Адем. Него го викнале православните Македонци да биде говедар кај нив и така тој се заселил во селото. Потоа земал за жена некоја православна Македонка и така е основан овој род. Го знаат следното родословие: Бајрам (жив на 45 г. во 1954 година) Амет-Бајрам-Исен-Адем, основачот на родот; Идризовци или Ашани (18 к.) потекнуваат од предокот Идриз. Тој се доселил околу средината на XIX век. Потекнуваат од фисот Бериш; Оџалари (4 к.), Тенџер (2 к.) и Барци (1 к.) доселени се од селата на Кумановска црна гора. Првите два рода од селото Брест, а третиот од раселеното село Бара. Потекнувале од фисот Бериш.[9]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2338 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[10]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Постари македонски иселеници од селото имало во Арачиново (Велковци, Кузманови и Јаќимовци). Но и од таму се иселени. Некои македонски родови во 1878 година, во текот на Српско-турската војна се преселиле во Србија.[9]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  3. Албанците биле забележани под терминот Арнаути.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. 5,0 5,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  8. D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.116-117.
  9. 9,0 9,1 Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине. Скопје: Филозофски факултет.
  10. „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]