Црква „Св. Талалеј“ - Арачиново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Талалеј
Македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Северноскопско
Местоположба
Населено место Арачиново
Општина Арачиново
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Талалеј
Изградба 1994
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Црква „Св. Талалеј“ - Арачиново — единствена православна селска црква во скопското село Арачиново.

Состојба на црквата[уреди | уреди извор]

Состојбата на црквата започнала да се влошува по протерувањето на Македонците од селото, по завршувањето на воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Црквата била подложна на кражби и била оставена потполно незаштитена, поради немањето Македонци во селото. Жителите на селото се собираат во црквата само за време на поголемите верски празници. Во најлоша состојба се наоѓаат црковните гробишта со искршени надгробни плочи, додека поранешната крстилница, кујната и трпезаријата се целосно демолирани и опустошени.[1]

Вандализам од 2016 година[уреди | уреди извор]

Во јануари 2016 година бил извршен голем вандализам во црквата, најголем од терористичките активности од 2001 година.[2] По фреските и иконите биле видливи длабоки бразди, направени со нож, вулгарни цртежи на полни органи. Била демолирана внатрешноста на црквата и расфрлани биле свеќите, малите икони, песокот за положување свеќи и сл.

Најмногу биле оштетени фреските на двете светителки, Света Петка и Света Недела, кои се насликани на левиот ѕид од влезот и се подарок од семејствата на Атанас Анчевски и на Трпе Јакимовски во 1997 година. Траги од нож биле пронајдени и на фреската на Свети Ѓорѓи, како и на иконите на Свети Атанасиј, на Пресвета Богородица, како и на фреската на Свети Никола, на која покрај оштетувања со нож, имало и недостојни цртежи.[2]

Најверојатно, овие оштетувања настанале пред верскиот празник Духови.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Црквата во Арачиново ќе се спасува од пропаѓање“. Дневник. МПМ. 4 февруари 2014. конс. 4 февруари 2014. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Ѓ., Б.. „Фреските и иконите во црквата во Арачиново уништени со нож“, „Дневник“, МПМ Македонија, 27 јануари 2016 (посет. 28 јануари 2016 г). (на македонски)