Борис Танковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Борис Спасев Танковски ( 1922 во Арачиново, Скопско1944 во Водно, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно селско семејство. Основното училиште завршил во родното село, а потоа се занимавал со земјоделство. Во октомври 1944 година, стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Учествувал во сите нејзини борби против балистите на Китка и Водно. По успешните акции и борби против непријателот на овој терен, учествувал во Битката кај Треска. Во почетокот на ноември 1944 година, храбро загинал во една битка на падините на Водно.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 267. На |first= му недостасува |last= (help)