Нова Брезница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нова Брезница
Nova Breznica.jpg
Нова Брезница во рамките на Македонија
Нова Брезница
Местоположба на Нова Брезница во Македонија
Нова Брезница на интерактивна карта

Координати 41°53′17″N 21°16′41″E / 41.88806° СГШ; 21.27806° ИГД / 41.88806; 21.27806Координати: 41°53′17″N 21°16′41″E / 41.88806° СГШ; 21.27806° ИГД / 41.88806; 21.27806
Општина Coat of arms of Sopište Municipality.svg Сопиште
Население 33 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25095
Надм. вис. 713 м
Нова Брезница на општинската карта
Нова Брезница во Општина Сопиште.svg

Атарот на Нова Брезница во рамките на општината
Commons-logo.svg Нова Брезница на Ризницата

Нова Брезница — село во Општина Сопиште, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е дел од областа Торбешија. На север е Сува Гора, а на југ Караџица.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 23 семејства и 1 вдовица, сите христијани.[2]

Според податоците од 1878 година, во селото имало 16 домаќинства во 62 жители христијани (Македонци)[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948938—    
19531.025+9.3%
19611.125+9.8%
1971908−19.3%
1981276−69.6%
ГодинаНас.±%
199192−66.7%
199480−13.0%
200285+6.2%
202133−61.2%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брезница живееле 540 жители, од кои 360 Македонци и 180 Албанци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брезница имало 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото имало 85 жители, од кои 83 Македонци, 1 Србин и 1 друг.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 33 жители, од кои 25 Македонци и 8 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 540 256 938 1.025 1.125 908 276 92 80 85 33
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Нова Брезница (порано Пуста Брезница) — македонско село.

Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:

  • Доселеници: Синадиновци (18 к.) први доселеници. Една нивна гранка се вика Енѓеловци. Доселени се кон крајот на XVIII век од селото Здуње во Порече. Таму имаат истоимени роднини; Бошковци (3 к.) гранка се од родот Синадиновци, со кои биле еден род порано; Трпевци (16 к.) доселени се на почетокот на XIX век од селото Томино Село во Порече. Подалечно потекло имаат од сега раселениот град Закамен во Малесија. Го знаат следното родословие: Китан (жив на 60 г. во 1950 година) Коце-Петре-Станко-Трпе, кој се доселил; Ѓоревци (7 к.), Миленковци (11 к.) и Ѓоргијовци (10 к.) доселени се од Манастирец во Порече (денес Горни и Долни). Во родот Ѓоревци се знае следното родословие: Цветан (жив на 57 г. во 1950 година) Ѓоргија-Анѓеле-Ѓоре, кој се доселил. Во родот Миленковци се знае следното родословие: Миладин (жив на 54 г. во 1950 година) Билбил-Трајко-Миленко, кој се доселил во селото; Велковци (14 к.) се делат на Тасевци и Велевци. Доселени се од селото Здуње во Порече; Крстевци (4 к.) доселени се од селото Брест во Порече. Го знаат следното родословие: Вељан (жив на 58 г. во 1950 година) Мате-Саве-Крсте, кој се доселил; Стевановци (8 к.) доселени се од селото Ковач во Порече. Го знаат следното родословие: Стојко (жив на 40 г. во 1950 година) Стојан-Ристо-Стеван, кој се доселил; Здравевци (8 к.) доселени се од Бабуна во Велешко; Стојчевци (5 к.) доселени се од Брезница во Порече; Стаменковци (2 к.) доселени се од Белица во Порече; Василевци (5 к.) и Плавичовци (7 к.) доселени се од раселеното село Букурци во клисурата на реката Треска. Во првиот род се знае следното родословие: Дукадин (жив на 44 г. во 1950 година) Иван-Јован, кој се доселил во селото.[12]


Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[13]
Археолошки наоѓалишта
  • Фоја — некропола од доцниот среден век;
Пештери

Личности[уреди | уреди извор]

Личности родени во Нова Брезница:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.496
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 94-95.
  4. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.116-117.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска. Скопје: Филозофски факултет.
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  14. „Камбана од Ватикан ќе бие во Нова Брезница“. Вечер. Посетено на 2013-01-06.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]