Апостол Димевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Апостол Алексиев Димевски ( 1924 во Нова Брезница, Скопско13 април 1945 во Будровци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. На 25 септември 1944 година стапил во дополнителната бригада, а подоцна бил распореден во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во бројни акции за конечното уништување на балистичките банди на Косово. Потоа заминал во Срем. Бил учесник во пробивот на Сремскиот фронт. На 13 април 1945 година при нападот за ослободување на Будровци, храбро загинал. Бил закопан на борбената позиција.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 53. На |first= му недостасува |last= (help)