Прејди на содржината

Дуке Атанасовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дуке Китанов Атанасовски ( 1925 во Нова Брезница18 април 1945 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. На 25 септември 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада, во чиј состав учествувал во големите борби против балистите на Водно и реката Треска. По ослободувањето на Македонија земал учество во ликвидирањето на заостанатите балистички банди. Подоцна заминал на Сремскиот фронт. Поради тешките и напорни борби, заболел и од последиците на болеста, починал на 18 април 1945 година, во болницата во Скопје.[1]

  1. 1 2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 29. На |first= му недостасува |last= (help)