Прејди на содржината

Блаже Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Блаже Иванов Стојановски ( 1922 во Нова Брезница 1944 во Ракотинци) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Израснал во сиромашно семејство. По завршувањето на основното образоѕание, се занимавал со земјоделство и сточарство. На 6 септември 1944 година, стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил учесник во сите нејзини борби против балистичките банди и германските поробувачи. Во октомври 1944 година, за време на изведување воена вежба на една од единиците на бригадата, на теренот меѓу Ракотинци и Сопиште, смртно бил погоден од залутан куршум на стражарското место. Неговите посмртни останки биле закопани на селските гробишта.[1]

  1. 1 2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 258–259. На |first= му недостасува |last= (help)