Брест (Порече)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оваа статија е за селото Брест во Порече. За други значења видете ја страницата за појаснување.
Брест
Панорама на Брест.jpg

Панорамски поглед на селото Брест

Брест is located in Македонија
Брест
Местоположба на Брест во Македонија
Координати 41°43′28″N 21°9′26″E / 41.72444° СГШ; 21.15722° ИГД / 41.72444; 21.15722Координати: 41°43′28″N 21°9′26″E / 41.72444° СГШ; 21.15722° ИГД / 41.72444; 21.15722
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Македонски Брод
Област Порече
Население 189[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Надм. вис. 980 м
Брест на општинската карта
Брест во Општина Македонски Брод.svg

Атарот на Брест во рамките на општината
Commons-logo.svg Брест на Ризницата


Брест — планинско село, во средишниот дел на Порече веднаш под највисокиот врв Фојник. До селото води асфалтен пат кој го поврзува со поранешното општинско средиште Самоков. Преку Самоков се поврзува со градовите Македонски Брод и Прилеп.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името на селото прв пат е споменато како „Брест“ во XV век. Името доаѓа од дрвото „брест“.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Врвот Фојник над селото Брест, каде се наоѓа и црквата „Св. Преображение“

Селото се наоѓа во областа Порече, од левата страна на реката Треска, во средишниот дел од Општина Македонски Брод.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 980 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 47 километри.[3]

Атарот е зафаќа површина од 17 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.105,8 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 270,3 хектари, а на пасиштата само 12 хектари.[3]

Селото од север се граничи со атарот на селото Требовле, на исток атарот на селото Брест се простира до езерото Козјак и атарот на селото Брезница, на југ граничи со атарот на селото Рамне а на западната страна со атарот на селото Звечан и со атарот на селото Косово.

Пред изградбата на вештачката акумулација „Козјак“, од селото Брест преку Белица и шумскиот резерват „Јасен“ било можно да се стигне до Скопје и со моторни возила. После изградбата на акумулацијата „Козјак“, сообраќајната комуникација на целиот поречки регион со Скопската котлина практично е прекината.

Селаните од Брест, пред поголемите миграции предизвикани со процесот на индустријализација во минатиот век, користеле патишта и врвулици по планинските сртови за комуникација со полошката котлина (Гостивар и Тетово) и скопската котлина (Скопје). Преку овие патишта релативно брзо се стигнувало до поголемите економски центри во гореспоменатите котлини. Најчесто селаните тргувале (продавале) земјоделски производи и добиток а купувале (сол, шеќер, газија, облека и сл.) По овие патишта се движеле и тајфи на мајстори кои изведувале градежни работи или пак работеле како наемни работници во полињата на полошката и скопската котлина.

Извори на питка вода[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Во околината на селото постојат повеќе извори на питка вода. Во селото има изградено и селски водовод кој се снабдува со вода од две локации, каптажата на изворот Горник - под Фојник, како и од изворот во Бозов дол. Првата каптажа е со помала издашност, во минатото доволна за напојување на трите селски чешми (во трите селски маала). Водата од оваа каптажа стигнува до селските чешми по пат на природен пад. Но, со изградбата на селскиот водовод кога се доведува вода до повеќето селски куќи издашноста на овој извор не е доволна за задоволување на потребите на селаните. Од тие причини изграден е нов цевковод кој ги зафаќа водите од изворот во Бозов дол. Овој извор е со поголема издашност и може да ги задоволи потребите на селаните, но неговото одржување е скапо од причини што водата се пренесува со потисни пумпи кои се придвижуваат со електрична енергија бидејќи каптажата се наоѓа на помала надморска височина од селото.

Околу селото постојат следниве извори на питка вода:

  • Горник
  • Шошор
  • Бозов Дол
  • Сртеш
  • Река

Историja[уреди | уреди извор]

Поглед на селото Брест од патот кон Звечан

Постојат повеќе преданија за настанокот на ова село. За прв пат се забележува во турските пописни списи како населено место со околу десетина фамилии.

Во XIX век, Брест било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Во Масакрот кај Дервишка Нива во 1916 година од страна на бугарската војска од Брест биле погубени Јован Ѓуроски и Марко Крстески.

Од селото Брест се и војводата Саздан Јаковчески со комитите: Коне Стаменкоски, Божин Трпчески, Трајко Грозданоски, Оливер Смилески, Миладин Ѓорѓиески, Никола Ѓорѓиески, Трифун Цветаноски и Здравко Трпкоски.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Во пописниот девтер за 1467/68 година бр. 4 стр. 197-289, селото Брест се спомнува како хаски имот кој имал 15 куќи, наведено е дека имало вкупно 9 мажи, домаќини, од кои еден неженет. Тогашното население плаќало приход на државата во акчиња и тоа: 200 акчиња пченица, 200 акчиња ушур од лозје, 10 акчиња од ореви, 6 акчиња од лен, 14 акчиња од бостан, 15 акчиња данок на воденици, 5 акчиња данок на свињи, 30 акчиња свадбарина, 506 акчиња испенџе, се вкупно 1.106 акчиња данок. Според утврдениот данок, селото во тоа време било економски помоќно од во тоа време Македонски Брод.[4]

Во публикацијата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол 1878 година, за Брест е наведено дека е село со 11 домаќинства со 50 жители.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Брест имало 204 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брест имало 160 жители.[7]

Селото е мошне раселено, така што бројот на населението се намалил од 405 жители во 1961 година, на 234 жители во 1994 година, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Брест имало 189 жители, од кои 186 Македонци и 3 Срби.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[8] 1905[9] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 204 160 378 439 405 427 325 253 234 189
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Брест е македонско село.

Родови во селото се: Огненовци (7 к.), Трипуновци (3 к.), Волчевци (6 к.), Трајановци (5 к.), Стојановци (12 к.) и Мартиновци (4 к.), според народното предание овие родови потекнуваат од еден предок. Некогаш во минатото во ова село имало 100 куќи, но фатила чума, и во живот останал само еден човек од кого потекнуваат наведените родови; Пуровци (1 к.), доселени се од Прилеп или Прилепско.[11]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков, во која влегувале селата Бенче, Брест, Зркле, Звечан, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Брест се наоѓале селата Бонче, Звечан, Зркле, Инче, Ковач, Ковче, Лупиште, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0255 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 162 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 144 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[15]
Црквите во селото

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

После интензивирањето на миграцијата поголемиот дел од населението од Брест се иселува во Македонски Брод, прилепските села и Прилеп, селата од полошкиот регион и во Скопје и околината на Скопје. Дел од населението мигрира во запдноевропските земји, најчесто Германија.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 20 септември 2017. 
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 126-127. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 39. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 20 септември 2017 г. 
  4. Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширен пописен дефтер бр. 4 1467/68 година, Скопје 1971 година, стр. 250
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 94-95.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-154.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  11. Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 332-333. 
  12. „Описи на ИМ“. конс. 16 октомври 2017. 
  13. „Локални избори 2017“. конс. 16 октомври 2017. 
  14. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  16. Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982
  17. Опело за упокој на Божјото чедо Коста. preminportal.com.mk, пребарано на 9 август 2012 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]