Акче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Акче (тур. ак = бел, белa пара) е ситна турска сребрена пара, кована од времето на султанот Орхан (1326—59) до крајот на XVII век. Во почетокот е вредноста на едно акче била 1/40 талири (гроша), односно 1/60 од златен алтан. Подоцна вредноста опаѓа. Тежината на акчето во почетокот била 1,07 грама, а подоцна тежината, како и вредноста опаѓала до 0,13 г.

Ковано е во многу ковници на турското царство, па и на балканските простори: Сараево, Сребреница, Чајниче, Белград, Ново Брдо, Кочани, Скопје и Ресен.

Во подоцниот турски паричен систем 1 акче (аспра) вредело три пари.