Латово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Латово

Сретселото на Латово

Латово во рамките на Македонија
Латово
Местоположба на Латово во Македонија
Латово на карта

Карта

Координати 41°29′17″N 21°10′9″E / 41.48806° СГШ; 21.16917° ИГД / 41.48806; 21.16917Координати: 41°29′17″N 21°10′9″E / 41.48806° СГШ; 21.16917° ИГД / 41.48806; 21.16917
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Долно Кичево
Население 60 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6530
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03028
Надм. вис. 600 м
Латово на општинската карта

Атарот на Латово во рамките на општината
Латово на Ризницата

Латово — село во Општина Македонски Брод, во областа Долно Кичево, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во јужниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, недалеку од левата страна на регионалниот пат Македонски Брод-Кичево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри.[2] Сместено е во долина помеѓу планините Песјак и Бушева.

Атарот зазема површина од 24,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.170 хектари, на пасиштата отпаѓаат 93 хектари, а на обработливото земјиште 87 хектари.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Латово било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948325—    
1953341+4.9%
1961318−6.7%
1971228−28.3%
1981169−25.9%
ГодинаНас.±%
1991109−35.5%
199498−10.1%
200285−13.3%
202160−29.4%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Латово имало 400 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Латово имало 480 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Латово во 1961 година било средно село по големина со 318 жители, но во 1994 година преминало во мало село со 98 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Латово имало 85 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 60 жители, од кои 58 Македонци, 1 Албанец и 1 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 400 480 325 341 318 228 169 109 98 85 60
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Латово е чисто македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички. Родови во Латово се: Јовевци (6 к.), Богдановци (6 к.), Пандиловци (5 к.), Радевци (2 к.), Пајкаровци (1 к.), Ѓенко (1 к.), Санде (1 к.), Софрониевци (2 к.), Страшко (1 к.), Фитко (1 к.), Соколовци (11 к.), Картаровци (1 к.), Ферче (1 к.) и Ѓулевци (9 к.), сите овие родови се староседелци; Требинци или Мицковци (2 к.), доселени се од селото Требино, во Требино се доселени од Мидинци. Од овој род потекнувал Мицко кој учествувал во Брсјачката Буна; Волкановци (2 к.), доселени се од селото Девич и Матичевци (2 к.), доселени се од селото Козичино.[13]

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Трајковци (1 к.), Ивановци (4 к.), Ивановци втори (5 к.), Дојчиновци (6 к.) и Стаменковци (2 к.), староседелци; Симевци (7 к.), доселени се од некое село во Прилепско, некое време живееле и во Солунско; Јовевци (8 к.), се повратиле од Солунско; Деспотовци (12 к.), доселени се од некое село во Крушевско; Мицковци (4 к.), доселени се од Требино, кога се истурчило; Мотичевци (5 к.), доселени се од Козичино; Трајковци (1 к.), доселени се од Девич, предокот кој дошол во Латовов, се населил како домазет; Климевци (1 к.) доселени се од селото Лажани, Прилепско.[14]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суви Дол и Требино.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Латово се наоѓале селата Брод, Девич, Дреново, Грешница, Сланско, Суво Дол и Требино.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0227 според Државната изборна комисија, кое е сместено во Селскиот дом.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 63 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 59 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви[19]
Манастири

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Латово

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 175. Посетено на 23 октомври 2017.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 октомври 2017.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-29.
  14. „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-29.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  16. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  21. Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.219

Надворешни врски[уреди | уреди извор]