Прејди на содржината

Мидинци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мидинци
Мидинци во рамките на Македонија
Мидинци
Местоположба на Мидинци во Македонија
Мидинци на карта

Карта

Координати 41°37′4″N 20°55′32″E / 41.61778°N 20.92556°E / 41.61778; 20.92556
Општина Кичево
Население во атар160 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО12047
Надм. вис.732 м
Мидинци на општинската карта

Атарот на Мидинци во рамките на општината
Мидинци на Ризницата
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Мидинци — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Мидинци се наоѓа во областа Горно Кичево, на Зајаска Река. Селото е меѓу планините Буковиќ и Бистра, оддалечено 13,4 километри северно од Кичево. Атарот на селото Мидинци граничи со атарите на селата: Од исток Букојчани, од запад Колари, од југ Зајас, и од север Србиново. Одделни места во атарот на селото ги носат следните имиња: Присој, Буковиќ, Поле, Осијница, Момиран, Колиби, Киш, Варвароец, Качидол, Бачишки ридои, Гура и Голема ледина. Селото е со куќи од збиен тип и се состои од Горна, Чилевска и Илијовска маала.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Кичевската Каза во Отоманското Царство.

Според податоците од 1873 година, селото Мидинци имало (познато како Маданци) 19 домаќинства со 70 жители христијани (Македонци).[3]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Мидинци:[4]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
19 16 16 0 16 38 53 91

Население

[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мидинци живееле 192 жители, сите Македонци.[5] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Мидинци имало 152 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мидимци се води како чисто македонско село во Кичевската Каза на Битолскиот Санџак со 25 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]

Според пописот од 2002 година, во селото Мидинци живеат 33 жители, од кои 31 Македонец и 2 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 60 жители, од кои 25 Македонци, 28 Албанци, 1 останат и 6 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 192 152 156 166 159 132 81 54 47 33 60
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Мидинци е населено со македонско православно население, во селото има и староседелски и доселенички родови.

Родови во Мидинци се: Чилевци (10 к.), Лазевци (2 к.), Степановци (2 к.) и Илијовци (4 к.), ова се староседелски родови, родовите Лазевци и Степановци потекнуваат од ист предок; Китановци (4 к.) доселени се од некое село во мијачкиот крај, затоа овој род ги нарекуваат Мијаци; Иљковци (2 к.) доселени се од сега албанското село Колари, го знаат следното родословие: Петре (жив на 38 г. во 1961 година) Методија-Стојан-Иљо кој се доселил; Столевци (2 к.) доселени се исто така од селото Колари, го знаат следното родословие: Столе (жив на 52 г. во 1961 година) Гаве-Исе кој се доселил. Тие се најмлад род во селото.[2]

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Балтовци (3 к.), Мијовци (6 к.), Станишовци (5 к.) и Влчевци (1 к.) староседелци. Од Влчевци има иселеници во Ваљево; Китановци (5 к.) доселени се од мијачкиот крај; Чилевци (4 к.) доселени се, но не знаат од каде; Тодоровци (1 к.) доселени се од некое околно село; Столевци (3 к.) доселени се од мијачкото село Тресонче. Некои од нивниот род преминале во Колари, и таму се поалбанчиле. Ги викале Садиковци.[15]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Црквата „Св. Петка“ во Мидинци

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 822 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 32 гласачи.[17]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Од средината на XIX век Мидинци било изложено на напади од околните Албанци од селата Зајас и Колари, па поради тоа Македонците почнале непрестајно да се иселуваат. Иселениците се иселувале во Белград и Смедерево, а иселеници има и на други места. Така родот Здравковци се иселил во Требино, а од Требино подоцна се иселиле во Латово, од кои потекнува Мицко Крстевски. После Втората светска војна, во Кичево се иселиле 4 домаќинства.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 1 2 3 Трифуноски, Јован Ф. (1968). Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво. Скопје. стр. 61–62.
  3. ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.92-93.
  4. ↑ Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
  5. ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.256.
  6. ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
  7. ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот Вилает (PDF). Каламус. стр. 34.
  8. ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“. Архивирано од изворникот на 2022-06-04. Посетено на 2024-01-24.
  9. ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. ↑ „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926)“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2019-11-02.[мртва врска]
  16. ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]