Козичино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Козичино
Козичино is located in Македонија
Козичино
Местоположба на Козичино во Македонија
Координати 41°31′58″N 21°5′22″E / 41.53278° СГШ; 21.08944° ИГД / 41.53278; 21.08944Координати: 41°31′58″N 21°5′22″E / 41.53278° СГШ; 21.08944° ИГД / 41.53278; 21.08944
Регион Рабетинска Река
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 17 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1093 м
Карта на општина Вранештица со селските атари.

Козичино е село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во историско-географскиот регион наречен Рабетинска Река под планините Песјак и Кула (Врв Јошков Камен 1960 мнв). Оддалечено е 19,5 километри источно од Кичево.

Историја[уреди | уреди извор]

Се претпоставува дека селото било создадено од монасите кои живееле во манастирот „Св Врачи Кузман и Дамјан“ (кој се наоѓал во селото Светораче, не далеку од селото Козичино) заедно со локалното население кои бегајќи од непријателските војски нашло засолниште повисоко во планината. Името на селото доаѓа од тоа што кога селото било населено биле донесени многу кози и овци од манастирот. На местото на денешното средно маало населението ги чувале јагнињата или народно кажано „шилежина“ затоа и денеска средното мало се нарекува „Шилеговци“. Населението кое го населило горното мало го одбрало највисокото место на таа територија затоа и населбата се нарекува „Тумба“. А покасно од регионот Малесија, Струшко се населиле неколку фамилии и таа населба се нарекува „Малезовци“. Селото неколку пати било палено и ограбувано во текот на балканските војни при што дало и многу жртви. Миграцијата од ова село била многу голема, имено нема куќа во селото од каде што нема барем по еден печалбар во Белград, Војводина, Босна итн.

Според податоците од 1873 година, селото имало 25 домаќинства со 102 жители христијани (Македонци).[1]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Козичино живееле 400 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Козичино имало 80 Македонци, патријаршисти.[3]

Селото се состои од 3 маала и според пописот од 2002 година во него живееле само 17 жители, сите Македонци.[4]

На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 400[2] 80[3] 254 226 188 108 41 24 22 17

Раселеното население главно во поголем број доаѓа за поголемите верски празници како и во летниот период. Инаку целокупното население е етничко македонско. И покрај тоа што куќите се скоро распаднати, во последно време има тенденција на нивна обнова или изградба на нови викенд-куќички.

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Козичино е населено со Македонци православни. Сите родови во селото се доселенички.[6]

Во селото се следните родови:

  • Мачугановци (13 к.) куќите им се во Долно маало. Ова е најстар род во селото. Потекнуваат од предок кој дошол однекаде, во овој род постоел предокот Ѓоргија кој бил голем сточар и имал околу 250 овци, тој овците наесен ги продавал во Грција;
  • Тумбаровци или Карадаковци (15 к.) гранка се од наведениот род Мачугановци, куќите им се во Долно маало, додека во минатото живееле во Горно маало;
  • Шилеговци или Таневци (13 к.) куќите им се во маалото Шилеговци. Основачите на родот Шилеговци биле тројца браќа кои дошле од Закамен „во Охридско“ над маалото Шилеговци постои место Кошарани, кое луѓето од родот Шилеговци го викаат Закамен, како спомен на старината; и
  • Малезановци (5 к.) куќите им се во Горно маало доселени се од Малесија.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.92-93.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.257
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 225.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Ф., Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина : сеоска насеља и становништво. Izdanje autora]. OCLC 18500423. http://worldcat.org/oclc/18500423. 
  7. „Цркви во Кичевкото архиерејско намесништво“ (македонски). Дебарско-кичевска епархија. конс. 2011-04-07. 
  8. Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]