Папрадиште (Кичевско)
Папрадиште — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Папрадиште се наоѓа во областа Горно Кичево, на западните падини на Добра Вода, оддалечено 20 километри северно од Кичево.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 7 семејства и 1 неженет, сите христијани.[1]
Според податоците од 1873 година, селото имало 100 домаќинства со 290 жители муслимани.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Папрадиште живееле 220 жители, сите Албанци.[3]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото Папрадиште живеат 75 жители, од кои 74 Албанци и 1 останат.[4]
Родови[уреди | уреди извор]
Папрадиште е албанско село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во периодот 1961-1965.
Родови во селото се: Џине (12 к.) најстариот род во селото. Нивниот предок се доселил пред околу 140 години од областа Матија во Северна Албанија. Калешовци (20 к.), се доселиле по родот Џине. И нивното потекло е од Мат во Албанија. Предокот Лиман Калеши се доселил пред околу 135 години. Се знае следното родословие: Сулејман (55 години) - Вели - Реџеп - Суљо - Реџо - Лиман. Имаат истоимени роднини во соседните села Туин, Србица и Ќафа. Манцуке (2 к.), се доселиле по родот Калешовци. Потеклото им е исто. Хаздуке (3 к.), најмладиот селски род. Се доселиле од соседното село Ќафа. Подалечното потекло им е исто како и на другите родови.[5]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 800 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 104 гласачи.[7]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.221
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.96-97.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ Кичевска Котлина. Сеоска насеља и становништво. Јован Ф. Трифуноски. Скопје:1968.стр.42
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Папрадиште на Карти на Гугл
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |