Тајмиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќи во Тајмиште зиме
Тајмиште
Тајмиште во рамките на Македонија
Тајмиште
Местоположба на Тајмиште во Македонија
Тајмиште на интерактивна карта

Координати 41°38′24″N 20°51′30″E / 41.64000° СГШ; 20.85833° ИГД / 41.64000; 20.85833Координати: 41°38′24″N 20°51′30″E / 41.64000° СГШ; 20.85833° ИГД / 41.64000; 20.85833
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 59 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 12072
Надм. вис. 1038 м
Тајмиште на општинската карта
Тајмиште во Општина Кичево.svg

Атарот на Тајмиште во рамките на општината
Commons-logo.svg Тајмиште на Ризницата

Тајмиште — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Тајмиште е планинско село, сместено во крајниот северозападен дел на Кичевската котлина, на тромеѓето помеѓу кичевскиот, гостиварскиот и мавровскиот крај[2]. Селото се наоѓа во подножјето на планината Бистра, на само 4 км од автопатот Скопје - Охрид, помеѓу Кичево и Гостивар. Од градот Кичево е оддалечено 22 км, а од Гостивар 27 км. Распослано е на левата страна од Тајмишка Река на планинска падина свртена кон југоисток[2].

Историја[уреди | уреди извор]

На атарот на селото Тајмиште се забележани старини и остатоци од градби од различни историски периоди. На возвишението Градиште, како и во месности (Лешов Тор) западно од селото се забележани остатоци од ѕидини градени со вар и камен, како и рударски окна, алати, остатоци од стар пат денес обраснат во шума, селишпта и темели од куќи, за кои населението верувало дека се од друг народ[2]. Под името Тајмиште селото се сретнува во XV век, односно во турските пописни дефтери од 1476/77 година, кога во него биле забележани 69 македонски христијански куќи[2].

Во XIX век селото Тајмиште е дел од Гостиварската нахија, на Тетовската каза на Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948439—    
1953459+4.6%
1961359−21.8%
1971325−9.5%
1981274−15.7%
ГодинаНас.±%
1991149−45.6%
1994137−8.1%
2002107−21.9%
202159−44.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тајмиште живееле 580 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Тајмиште имало 640 Македонци, патријаршисти.[4]

Според рускиот филолог Афанасиј Селишчев во 1929 година селото имало 83 куќи и 364 жители.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Тајмиште живеат 107 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 59 жители, од кои 53 Македонци и 6 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 580 640 439 459 359 325 274 149 137 107 59
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Тајмиште е православно македонско село. Населението од селата Тајмиште, Мидинци, Букојчани и некои други се познати по името Шопки или Шопови, бидејќи говорот и носијата им се разликува од останатите кичевски села. Во селото родовите можат да се поделат на староседелци, доселеници од познато потекло и доселеници со непознато потекло.

Родови во селото се:

  • Староседелски: Бојовци (4к.), Шумковци (4 к.), Шумковци (3 к.), Млачевци (3 к.) и Андоновци (4к.) се староседелски родови, кои живееле во Старо Тајмиште;
  • Доселенички со непознато потекло: Новевци (2 к.), Дејовци (1 к.), Митревци (1 к.), Игневци (2 к.), Вељановци (3 к.), Даиловци (3 к.), Исајловци (2 к.), Костовци (2 к.), Милутиновци (3 к.), Игњевци (4 к.), Сатировци (1 к.), Поповци (3 к.), Ѓоневци (1 к.), Давитковци (1 к.), Филиповци (2 к.), Поповци (2 к.), Стојановци (2 к.) и Мицовци (3 к.).
  • Доселенички со познато потекло: Мицовци (2 к.), доселени се од соседното сега торбешко село Бачишта, основачи на родот биле Мицо и Јован, како браќа пребегнале во Тајмиште од Торбешите, го знаат следното родословие: Варе (жив на 60 г. во 1961 година) Никола-Мицо кој се доселил како дете; Тасевци (1 к.) и Маљуковци (2 к.) доселени се од дебрчкото село Сливово; Пејовци (1 к.), доселени се од мијачкото село Могорче; Ристевци (2 к.), доселени се од некое село во мијачкиот крај;

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Филиповци (2 к.), Јанчевци или Потевци (3 к.), Ристевци (4 к.), Стојановци (1 к.), Андоновци (4 к.), Шумковци (3 к.), Мицовци (1 к.), Бибовци (2 к.), Секуловци (3 к.), Бојовци (5 к.), Степановци (2 к.), Шумковци (7 к.), Грубановци (1 к.), Бојовци (7 к.), Вељановци (7 к.), Митревци (3 к.), Симјановци (3 к.), Симуновци (1 к.), Пејовци (2 к.), Ѓоргевци (1 к.), Соколовци (2 к.), Даиловци (3 к.) и Мицовци (3 к.) сите се староседелци; Илковци (5 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Бачишта.[12]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Цркви
  • Црква „Свети апостоли Петар и Павле“ - изградена во 1861 година, целосно изгорена во пожар во 1921 година, па повторно обновена и преосветена во 1928 година. Иконостасот и фреските се дело на Данило Нестороски - Фрчкоски од Галичник, изработени во 1928 година[13].
  • Црква „Преподобна Параскева“ - постара црква која е обновена во 1975/76 година, кога е изработен и фрескоживописот од страна на зографот Кузман Фрчкоски. Осветена е една година пред тоа, во 1974 година.[13]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 820 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 71 гласач.[15]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во непосредна близина на селото Тајмиште се наоѓа рудникот за железна руда „Тајмиште“, од кој неколку погони денес се користат за производство на здрава храна. Населението најчесто се занимава со сточарство и пчеларство и со собирање на печурки на падините на Бистра. Во близина на селото се наоѓа и планинарскиот дом Тајмиште.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Селска слава во Тајмиште е Петровден, кој се празнува на 12 јули. Покрај тоа, во селото се празнуваат и Водици, Велигден и останатите поголеми празници.

Личности[уреди | уреди извор]

Личности родени во Тајмиште:

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Во 1921 година во селото имало 120 куќи. Но од тогаш оно константно почнало да се намалува. Највише иселеници дало после Втората светска војна. Највише иселеници од Тајмиште има во Белград, каде се иселиле околу 55 семејства. По нешто иселеници има и во Кичево, Гостивар и Скопје. Родовите Поповци и Сенковци се иселиле во селата Железна Река и Митрој Крсти.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Трифуноски Ф. Јован. „Кичевска Котлина - сеоска насеља и становништво“. Скопје, 1968 г. стр.64
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.124-125.
  5. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.26.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926)“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2019-11-02.
  13. 13,0 13,1 „Четврта кичевска парохија“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2013-02-12. Посетено на 2010-11-16.
  14. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]