Осломеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Осломеј
Selo Oslomej.jpg
Осломеј is located in Македонија
Осломеј
Местоположба на Осломеј во Македонија
Координати 41°34′37″N 21°0′0″E / 41.57694° N; 21.00000° E / 41.57694; 21.00000Координати: 41°34′37″N 21°0′0″E / 41.57694° N; 21.00000° E / 41.57694; 21.00000
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 40 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6254
Повик. бр. 045
Надм. вис. 661 м
Поранешната општина Осломеј со селските атари.
Oslomej Municipality.svg

Атарот на Осломеј во рамките на општината
Commons-logo.svg Осломеј на Ризницата


Осломејсело во Општина Кичево, во околината на градот Кичево и центар на поранешната Општина Осломеј. Осломеј се смета за родно место на македонскиот преродбеник Јоаким Крчовски.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Осломеј се наоѓа во областа Горно Кичево, на реката Темница, на 8 километри северно од Кичево.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото е дел од Кичевската каза во Отоманското Царство.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 16 домаќинства со 44 жители христијани (Македонци).[1]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Осломеј живееле 192 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Осломеј имало 240 Македонци, егзархисти.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 40 жители. Следува табела на националната структура на населението:[4]

Националност Вкупно
Македонци 40
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 0

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 192[2] 240[3] 226 239 201 118 102 58 57 40

Родови[уреди | уреди извор]

Осломеј е чисто македонско православно село, зачувано помеѓу муслимански села. Сите родови во селото се доселенички.

Родови во селото се: Кузмановци (2 к.), доселени се од некое село во Дебарско, во почетокот на ХVIII век, од овој род потекнува познатиот преродбеник Јоаким Крчовски, го знаат следното родословие: Блаже (жив на 42 г. во 1961 година) Крсте-Цветан-Ѓино-Кузман; Велковци (6 к.), доселени се од соседното торбешко село Долно Строгомиште, доселени се после родот Кузмановци; Николовци (4 к.), доселени се од некое село во Охридско, доселени се одма после родот Велковци; Момковци (4 к.) и тие се доселени од некое село во Охридско, го знаат следното родословие: Трајан (жив на 75 г. во 1961 година) Софе-Димо-Момко кој се доселил, наведените претци Софе и Димо биле убиени од страна на Албанците од соседното село Црвивци; Цветковци (6 к.), Ѓурчиновци (3 к.) и Порталовци (1 к.) се доселеници од непознато место, основачот на родот Порталовци го чувал влезот на Кичевската тврдина и по тоа го добиле името и Анѓелевци (3 к.), доселени се од кичевското село Раштани.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Малезовци (2 к.) и Портаровци (1 к.) староседелци; Момковци (2 к.) доселени се од охридско; Велковци (8 к.) доселени се од местото Куќиште поради зулум; Анѓелевци (2 к.) доселени се од селото Раштани; Николовци (5 к.) доселени се од охридско; Мицковци (1 к.) доселени се од местото Куќиште; Крнаковци (2 к.) доселени се од селото Кнежино; Огненовци (8 к.) доселени се од околината на Призрен во Косово.[6]

Личности[уреди | уреди извор]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 789 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 24 гласачи.[8]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

== Иселеништво ==-->

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. "Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926)". Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2019-11-02.
  7. "Описи на ИМ". Посетено на 3 ноември 2019.
  8. "Претседателски избори 2019". Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]