Патец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Патец
Патец се наоѓа во Republic of Macedonia
Патец
Местоположба на Патец во Македонија
Координати 41°32′31″ СГШ 21°06′43″ ИГД / 
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 8 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1278 м
Карта на општина Вранештица со селските атари.

Патец е село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Рабетинкол, меѓу Добра Вода и Песјак, оддалечено 19,5 километри североисточно од Кичево.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото е дел од Кичевската каза во Отоманската Империја.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 8 домаќинства со 36 жители христијани (Македонци).[1]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Патец живееле 96 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Патец имало 128 Македонци, патријаршисти.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Патец живеат 8 жители, сите Македонци.[4]

На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 96[2] 128[3] 114 119 100 78 42 12 10 8

Родови[уреди | уреди извор]

Во селото Патец живеат Македонци христијани. Според народната традиција селото е основано почетокот на XIX век од доселеници од Косово. Тие биле многу напатени и затоа селото го добило името Патец.[6]

Родови во селото се: Трајановци (4 к.), Аврамовци (2 к.) и Тодоровци (1 к.) потекнуваат од основачот на родот, доселени се од некое село во Косово; Богдановци (4 к.) доселени се од селото Зрзе, и тие се доселени почетокот на XIX век, ја знаат следната генеологија Венко (жив на 70 год. во 1961 година) -Никола-Мијајле-Богдан основачот на родот кој се доселил; Николовци (2 к.) доселени се од селото Црвена Вода, предокот кој дошол во местото на старина бил овчар и таму убил некој човек, па затоа пребегнал во Патец, каде станал домазет во родот Богдановци и Радевци (2 к.) не го знаат местото од каде се доселени.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.257
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Ф., Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина : сеоска насеља и становништво. Izdanje autora]. OCLC 18500423. http://worldcat.org/oclc/18500423. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]