Мамудовци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мамудовци
Ериновци
Мамудовци is located in Македонија
Мамудовци
Местоположба на Мамудовци во Македонија
Координати 41°31′53″N 20°59′8″E / 41.53139° N; 20.98556° E / 41.53139; 20.98556Координати: 41°31′53″N 20°59′8″E / 41.53139° N; 20.98556° E / 41.53139; 20.98556
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 401 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 842 м
Карта на општина Кичево со селските атари.

Мамудовци (изворно: Ериновци) — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Мамудовци се наоѓа во областа Горно Кичево, во близина на селото Лазаровци.

Историја[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К'нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Мамудовци имало 40 жители, сите Албанци.[1]

Според пописот од 2002 година, во селото Мамудовци живеат 401 жители, 400 Албанци и 1 Македонец.[2]

На табелата е прикажан преглед на населението во сите пописни години:[3]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 155[1] 144 158 200 247 297 337 401

Родови[уреди | уреди извор]

Мамудовци е албанско село

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1961 година, родови во селото се: Мамудоски (27 к.) потекнуваат од основачот на родот Мамуд. Ја знаат следната генеологија Исмаил (жив на 56 г. во 1961 година) Мамуд-Исмаил-Мамуд, основачот на родот кој се доселил од селото Црвивци. Подалечно потекло од северна Албанија; Зенкоски (1 к.) доселени се од селото Србица.[4]

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Мамудовци (10 к.) доселени се од селото Црвивци.[5]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 754 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 357 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[8]
  • Бара - средновековна некропола;
  • Бигор — доцноантичка населба;

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
  2. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  4. "Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски". Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2019-10-27.
  5. "Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926)". Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2019-10-27.
  6. "Описи на ИМ". Посетено на 3 ноември 2019.
  7. "Претседателски избори 2019". Посетено на 3 ноември 2019.
  8. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]