Прејди на содржината

Колибари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Колибари
Колибари во рамките на Македонија
Колибари
Местоположба на Колибари во Македонија
Колибари на карта

Карта

Координати 41°34′19″N 20°57′45″E / 41.57194°N 20.96250°E / 41.57194; 20.96250
Општина Кичево
Население во атар1355 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО12037
Надм. вис.708 м
Колибари на општинската карта

Атарот на Колибари во рамките на општината
Колибари на Ризницата
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Колибари — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на источното подножје на Бистра Планина, поточно на десниот брег на Зајаска Река. Оддалечено е 7 километри северно од Кичево.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Кичевската Каза во Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Покриеност на земјиште на Колибари 2023

Според сателитски податоци од 2023 година, атарот на Колибари зафаќа вкупна површина од 3,51 km². Според користењето на земјиштето, најголем дел од територијата на атарот зафаќаат површините под тревни површини (пасишта) со 141,6 хектари (40,4%). Според сателитско мерење во 2023 година, во останатиот дел од атарот се застапени и листопадна широколисна шума (128,6 хектари), иглолисна шума (45,9 хектари), обработливо земјиште (22,5 хектари), изградено (населено) земјиште (8,5 хектари), празен терен (2,5 хектари) и повеќегодишни култури (1,3 хектари).[2]

Население

[уреди | уреди извор]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[3]

Според пописот од 2002 година, селото има население од 747 жители, од кои 742 Албанци, 1 Србин и 4 други.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 355 жители, од кои 338 Албанци и 17 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население — — 340 378 423 482 629 0 603 747 355
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Колибари е албанско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во периодот 1961-1965.

Албанското население во Колибари е поделено на пет рода: Тоа се: Спаије (20 к.), Коколе (17 к.), Алиме (11 к.), Гега (11 к.) и Хиса (10 к.). Споменатите родови, потекнуваат од пет браќа доселени околу 1820 година од соседното село Зајас. Браќата се викале: Зендел Спаија (најстариот брат), Коколе, Алим, Дервиш Гега и Лиман Хиса. Во родот Коколе е познато следното родословие: Вели (жив, на 40 години)-Рушит-Вели-Ибраим Коколе, кој се доселил. Во Зајас нивните куќи им биле во Теќе Маало. Таму имале истоимени роднини. Подалечното потекло им е од Матија во Северна Албанија.[10]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 829 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 667 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[13]

Личности

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. ↑ Резултатите се добиени во рамки на проектот „Mapping Land Cover and Land Use in the Cadastral Areas of North Macedonia Using Sentinel Satellite Data“
  3. ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“. Архивирано од изворникот на 2022-06-04. Посетено на 2024-01-24.
  4. ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. ↑ Кичевска Котлина. Сеоска насеља и становништво. Јован Ф. Трифуноски. Скопје:1968.стр.54
  11. ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка картаг на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]