Светораче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Светораче
Светораче is located in Македонија
Светораче
Местоположба на Светораче во Македонија
Координати 41°31′38″N 21°4′12″E / 41.52722°СГШ 21.07000°ИГД / 41.52722; 21.07000Координати: 41°31′38″N 21°4′12″E / 41.52722°СГШ 21.07000°ИГД / 41.52722; 21.07000
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 6 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 889 м
Карта на општина Вранештица со селските атари.

Светораче е село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. Селото било познато и како Световраче, Световрачи или Свети Врач.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Светораче се наоѓа во областа Рабетинкол, меѓу Челоица и Песјак. Оддалечено е 17 километри источно од Кичево.

Историја[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 22 домаќинства со 94 жители христијани (Македонци).[1]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Светораче живееле 225 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Светораче имало 240 Македонци, егзархисти.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Светораче живеат само 6 жители, сите Македонци.[4]

На табелата е прикажан преглед на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 225[2] 240[3] 152 145 106 69 43 13 10 6

Родови[уреди | уреди извор]

Во селото Светораче живеат Македонци православни. Селото има и староседелци и доселеници.[6]

Староседелци се:

  • Кижевци (12 к.) потекнуваат од „Манастирски работници“ на планината Песјак. Во атарот на селото постои месност Кижево нивче. Кижевци се познат род во источниот дел на Кичево, претците Апостол и Ѓоргија биле големи сточари и имале околу 500 овци и исто толку кози. Во Битола имале касапница. Куќите во селото им се наоѓаат во Долно маало; и
  • Богдановци (5 к.) и тие потекнуваат од „Манастирски работници“ куќите исто така им се наоѓаат во Долно маало.

Доселенички родови се:

  • Шоповци (5 к.) доселени се од некое сега албанско село во Зајашка жупа. Населението од селата од Зајас нагоре во минатото биле нарекувани Шопски, оттука и името Шоповци; и
  • Ѓулевци (1 к.) потекнуваат од некој Ѓуптин (Ром). Овој род отсекогаш имал едно домаќинство.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.257
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.156-157.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 225.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Ф., Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина : сеоска насеља и становништво. Izdanje autora]. OCLC 18500423. http://worldcat.org/oclc/18500423. 
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]