Речани (Зајаско)
Речани (офиц. Речани - Зајаско) — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во Општина Зајас, Кичевско. Речани се наоѓа на Бачишка Река, на источните падини на Бистра Планина.
Историја[уреди | уреди извор]
Според податоците за 1873 година, Речани имало 6 домаќинства во 28 жители христијани (Македонци).[1]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Речани живееле 45 жители, сите Македонци.[2]
Афанасиј Селишчев во 1929 година го опишал селото како христијанско.[3]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото Речани имало 101 жител, од кои 100 биле Албанци, и еден друг.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 825 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна деловна просторија.[4]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 95 гласачи.[5]
Личности[уреди | уреди извор]
Личности родени во Речани:
- Анто Божиноски (1926-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Венче Илиоски (1919-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 92-93.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.256.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Речани на Карти на Гугл
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |