Малкоец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Малкоец
Поглед на Малкоец.jpg

Поглед на селото

Малкоец is located in Македонија
Малкоец
Местоположба на Малкоец во Македонија
Координати 41°27′34″N 20°48′35″E / 41.45944° СГШ; 20.80972° ИГД / 41.45944; 20.80972Координати: 41°27′34″N 20°48′35″E / 41.45944° СГШ; 20.80972° ИГД / 41.45944; 20.80972
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Област Копачка
Население 35[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6261
Повик. бр. 045
Надм. вис. 905 м
Commons-logo.svg Малкоец на Ризницата


Малкоец — село во областа Копачка, во Општина Кичево, сместено на патот помеѓу Кичево и Охрид. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, на левата страна на патот Кичево-Охрид, во изворишното сливно подрачје на реката Треска. Атарот на селото се допира со подрачјето на Општина Дебарца.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 950 метри.[2]

Куќите на ова село се наоѓаат лево од патот Кичево-Охрид, недалеку од соседното поголемо село Попоец. Атарот на селото се наоѓа главно на планински терен.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Арамиска Падина, Краста, Малевица, Клокотарица, Завоји, Кутел и други.[3]

Селото е од збиен тип.[3]

Селото Малкоец се наоѓа во областа Горна Копачка, оддалечено 17 километри југозападно од Кичево.

Историја[уреди | уреди извор]

По народното предание, Малкоец е основано кога и соседното село Попоец, односно во втората половина на XVIII век.[3]

Основачот на Малкоец има исто потекло како основачот на соседното село Попоец, од сливот на Црн Дрим.[3]

Во XIX век, Малкоец било село во Кичевската каза, на Отоманското Царство.

Жителите на селото многу страдале од непријателите во текот на Втората светска војна.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 11,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 715 хектари, на пасиштата отпаѓаат 236 хектари, а на обработливото земјиште 105 хектари.[2]

Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Малкоец имало 120 жители, сите Македонци.[4] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Малкоец имало 200 жители, егзархисти.[5]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Вранештица:[6]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
26 15 7 0 7 92 98 190

Малкоец е мало село, кое што во 1961 година имало 290 жители, а во 1994 година 43 жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Малкоец живееле 35 жители, од кои 33 Македонци и 2 Срби.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 120 200 258 282 290 219 118 59 43 35
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Малкоец го основал братот на попот, кој го основал селото Попоец. Тоа било крајот на XVIII век и цело село потекнува од братот на попот, Мале, по кого селото го добило името Малкоец.[3]

Во селото е само еден род: Малевци, единствениот род во селото кој има 51 куќа.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Малевци (45 к.), по потекло од Дрим и слават Свети Никола. Веќе се венчаваат помеѓу себе, што значи дека се поминати 7 генерации.[10]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Малкоец, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Извор, Кленоец и Попоец.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 0773 според Државната изборна комисија, сместено во културниот дом.[11]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 13 гласачи.[12] На референдумот во 2018 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 12 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Недела“
Цркви[14]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

По Втората светска војна се појавиле поединечни иселувања од Малкоец. Едни иселеници отишле во Староец, додека пет семејства биле колонизирани во селото Јабука кај Панчево.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 11 февруари 2019. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 189. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 11 февруари 2019 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 89-90. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
  6. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика. 
  10. Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“, „Кичево“, 16 мај 2018. (на mk-MK)
  11. "Описи на ИМ". конс. 11 февруари 2019. 
  12. "Локални избори 2017". конс. 11 февруари 2019. 
  13. "Референдум 2018". конс. 11 февруари 2019. 
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]