Ристо Митрески
Ристо Митрески | ||
Роден | 1922 година Малкоец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | мај, 1944 година Завој (село), Охридско, Македонија | |
Националност | Македонец |
Ристо Мисајлев Митрески ( 1922 во Малкоец, Кичевско — 1944 во Завој (село), Охридско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]По завршувањето на основното образование, немал можност да се школува ѝ останал да се занимава со земјоделство и сточарство. Како напреден младинец бил опфатен од Мирко Милески уште во есента 1942 година, бидејќи биле школски другари. Во пролетта 1943 година, заминал партизан во Кичевско-мавровскиот одред, а потоа во Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите низ Егејска Македонија и во Богомилскиот поход во февруари 1944 година, каде доста се истакнал и бил назначен за политички комесар во вод. Враќајќи се од Егејска Македонија загинал во борба со бугарските окупатори во мај 1944 година кај селото Завој - Охридско.[1]