Прејди на содржината

Кичевско-мавровски народноослободителен партизански одред

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кичевско-мавровски партизански одред
Активна21 мај 1943 - 23 септември 1943
БиткиНОБ

Кичевско-мавровски народноослободителен партизански одред е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.

Одредот е оформен на 21 мај 1943 година, од 46 борци од Мавровско-гостиварскиот народноослободителен партизански одред „Кораб“, Кичевскиот народноослободителен партизански одред „Козјак“ и Крушевскиот народноослободителен партизански одред „Питу Гули“. Партизаните на одредот влегуваат во судири кај селото Сливово на 23 мај, Невестински гроб на 30 мај, Пресека на 14 јуни, Карбуница на 20 јуни, и други. Откако одредот брои 70 борци, во текот на јули 1943 година разделен е на Мавровско-гостиварски народноослободителен партизански одред (Прв кичевски народноослободителен одред) и Кичевски народноослободителен одред (Втор кичевски народноослободителен одред). На 23 септември 1943 година одредот влегува во рамките на Кичевскиот народноослободителен баталјон.[1]

Драге Ристески е првата жртва на одредот. Загинал во битката кај Невестински Гроб на 30 мај, 1943 година.

Првата жртва на одредот бил Драге Ристески од кичевското село Карбуница.[2]

Љубица Богеска е една од жените кои го сошиле знамето на одредот.

Знамето на одредот е сошиено од група младинки, меќу кои е ѝ Љубица Богеска од Кичево.[3]

Команданти

[уреди | уреди извор]
  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 697.
  2. Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 106.
  3. Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 44.