Раштани (Кичевско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Раштани
Раштани is located in Македонија
Раштани
Местоположба на Раштани во Македонија
Координати 41°32′21″N 20°56′31″E / 41.53917° СГШ; 20.94194° ИГД / 41.53917; 20.94194Координати: 41°32′21″N 20°56′31″E / 41.53917° СГШ; 20.94194° ИГД / 41.53917; 20.94194
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Пошт. бр. 6260
Надм. вис. 750 м
Карта на општина Кичево со селските атари.

Раштани е село во Општина Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Раштани се наоѓа на 3 километри северозападно од Градот Кичево на 750 m надморска висина. Селото се наоѓа на езерска тераса,остаток од некогашното езеро кое некогаш се наоѓало на просторот на Кичевската Котлина. Над селото се наоѓа шума (забран), а пониско од селото и околу него се наоѓа обработлива земјоделска површина.

Со градот Кичево е поврзано со локален асфалтен пат, додека атарот го сечат магистралниот автопат Скопје - Охрид, железничката пруга Кичево - Скопје и Зајашка Река на крајниот источен дел. Селото е ридско од збиен тип чиј атар има површина од 0,7 км2. Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Илков Камен, Бела Вода, Сина Вода, Дивиње, Карамојца, Врбје, Ливаѓе, Плавеница, Чука, Пашенимеѓи, Речиште, Брест, Смрекине, Капиница, Изеро нива, Лазорине, Киска даб, Камче, Марков камен. Извори на вода (чешми): Сина Вода, Бела Вода, Врбје, Ела.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата е топла континентална.Просечната температура изнесува 10,7 С. Најстуден месец е јануари (-0,1С),а најтопол јули (20,6С). Зимите се благи,а летата топли. Врнежите припаѓаат кон медитеранскиот плувиометриски режим,односно најголем дел од врнежите паѓаат во ладниот период а најмалку во топлиот. Најголемиот пик врнежите го достигнуваат во месец Ноември,а најнискиот во месеците Јули,Август и Септември кога се појавува суша. Просечна сума врнежи изнесува 780 mm.[1]


Историја[уреди | уреди извор]

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Селото за прв пат се споменува под името Хрштани помеѓу 1342 и 1346 година за време на средновековното Српско царство,кога царот Стефан Душан го става под управа на манастирот св.Богородица во Тетово.Според името може да се заклучи дека селото е формирано од Словените. Самото име Храштани укажува на храстово дрво (дабово). Подоцна се спомнува како Раштани во еден турски документ "tapu tahir defter" составен 1476/77 година каде се наведени повеќе денешни села во Кичевската котлина.Во тој документ е запишано дека Раштани во тоа време имало 19 куќи.[2]

Според етнографот Томo Смиљаниќ-Брадина потеклото на името неможе со сигурност да се каже од каде го води ,но се претпоставува дека го добило по изворот Раштанец кој се наоѓа во падините на Дреново. Мијаците него го изговараат Рашчанец.[3]

Отоманско царство[уреди | уреди извор]

За време на Отоманското царство според еден исказ од селаните а го што го прибелжал етнографот Томо Смиљанич - Брадина, селаните во тој период се опишани како непокорливи и храбли луѓе.Во 1903 година селаните го напаѓаат Кичево, па според записот турците биле немоќни да се спротистават.[3]

Кралството Југославија[уреди | уреди извор]

За време на Кралството Југославија (до 1941 година) во склоп на тогашниот Срез Кичевски постоела Раштанска општина со седиште во истоименото село. Во нејзин состав биле вклучени селата:Раштани,Осој,Кнежино,Зајас,Длапкин Дол,Лешница. Според направениот попис од 1921 година општината броела 1914 жители,од кои христијани 797 и 1117 муслимани.[4]Според пописот спроведен во 1931 година општината имала 365 куќи со 414 домаќинства и 2250 жители[5].

Втора Светска Војна[уреди | уреди извор]

Конфигурацијата на теренот,етничкиот состав на наелението од околните села и блискоста на воената касарна биле пресудни за неповолноста за одвивање на воени дејствија. За време Втората светска војна,селото било неколку пати ограбено, при што била запалена најбогатата куќа во селото на родот Трпески.Во борбите за ослободување на Кичево една од пожестоките битки се одиграла во месностите викани "Кошарани" и "Брестoн". Во месноста викана "Дренчено" загинале 3 партизани при што се погребани на селските гробишта.Во нивна чест селаните им подигнале споменик.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоци од 1873 година, селото имало 12 домаќинства со 38 жители христијани (Македонци).[6]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, селото имало 288 жители, Македонци  христијани.[7]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Раштани имало 280 Македонци, егзархисти.[8]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училишен инспектор Крсто Димчев[9] во 1909 година, селото имало 41 куќа,и 167 жители сите православни.

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
41 39 41 9 50 69 108 117

Според спроведениот попис на население во Кралството Југославија од 1921 година селото имало 45 куќи и 274 жители сите христијани. За време на испитувањата кои ги вршел Томо Смиљаниќ во 1926 година,од вкупно 45 куќи тој испитал 42 и утврдил дека 12 куќи се староседелци, 27 куќи доселеници и 3 куќи со непознато потекло.[3]

Според антропологот Јован Трифуновски ,селото во периодот 1961/65 имало 63 македонски -христијански домаќинства.[2]

И покрај електрификацијата на селото во 60-те години индустриската револуција и политиката која тогаш во во СФР Југославија се спроведувала кон крајот на 60-те и 70-те населението како и од останатите села масовно се иселуваат, па така денеска живеат само неколку жители. Најголем дел од нив се населени во непосредна близина на селото на свои имања во најсеверната населба на Кичево - Раштански Пат.  

Родови[уреди | уреди извор]

Раштани е македонско село населено со чисто православно население.Поради приликите кои владееле во турско време, покрај староседелците се доселиле фамилии од околните села.

Староседелци : Коруновци. Доселени родови: Лазевци (5к слава Св. Аранѓел), Јолевци (7к слава Св.Аранѓел ), од Селото Длапкин Дол поради населување на Арбанасите пред 250 години се доселиле Тумбаревци (1к) , Ѓоковци (2к) Тинговци (2к.,слава Митровден) и Ѓорѓиовци (2к слава Митровден) ,од Селото Црвивци доселени се Пршевци (2к слава Св.Никола) ,од Селото Рабетинска Река Софевци (1к слава Св.Никола) и Јаневци (2к слава Св.Никола). [3]

Куќите во селото се фамилијарно групирани односно како фамилијата се ширела така се градела по една нова куќа на целокупниот имот па така настанале маалата. Попознати: Пршеско,Пуреско,Јолеско маало.

Егзистенција[уреди | уреди извор]

Главно занимање било земјоделството.Се засадувало пченица,рж тутун,одгледување на добиток (овци,кози,крави,волови кои се користеле како главно влечно средство),но имало и родови кои се занимавале со занает меѓу кои пекари,качари,самарџии. Многу од селаните заминувале на печалба.Заминувале во Белград,во Бугарија,Романија,САД,Австро-Унгарија.

Раштански пат[уреди | уреди извор]

Раштански Пат е најсеверна населба во Градот Кичево. Името го добила по патот кој води кон селото Раштани. Населението ја сочинуваат жители кои се одселиле од селото Раштани во 60-те години на 20 век, како и од други поблиски и подалечни села. Според последниот попис на населението на Република Македонија од 2002 година, населбата имала 1.063 жители. Структурата на населението е прикажана во табелава:[10]

Националност Вкупно
Македонци 697
Албанци 198
Турци 24
Роми 132
Власи 1
Срби 2
Бошњаци 0
Други 27
Вкупно: 1063

Поделба на селото на крстови[уреди | уреди извор]

Селото е поделено на 2 крста ,горно малски и долно малски кој е најмногуброен.

  • Горно малски: Лазески,Настески,Трпески,Маркоски,Софронијоски,Дамјаноски,Јанаќиески,Илијоски,Блажески,Ѓорѓиоски;
  • Долно малски: Николоски,Ѓорѓиоски,Стојкоски,Јолески,Петрески,Коруноски,Деспотоски ,Наќески,Трајкоски,Стојаноски,Калески.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Во селото се наоѓа црквата посветена на Св.Ѓорѓија изградена 1922 година конструирана од руски архитект,а зидана со бигоров камен.Обновена 2001 година.
  • Непосредно до црквата постоело основно школо "Јане Сандански" во склоп на "Санде Штерјоски" од Кичево во кое се одржувала настава до 4-то одделение.Школото имало две училници,менза,и просторија за приредби..Во него освен од Раштани доаѓале ученици и од блиското село Осој. После затворањето школото е запуштено и осудено на постепено пропаѓање за да на крај биде срушено. На нејзино место во 2005 е изграден долномалскиот дом.

Архелошки локалитети Сина Вода и Дреновска Нива[уреди | уреди извор]

Во атарот на селото се наоѓаат два археолошки локалитети со датирање од среден век. Тоа се Сина Вода и Дреновска Нива.

  • Сина Вода претставува населба и некропола одсредниот век. Се наоѓа на околу 500 m североисточно од селото, на простор од 1 ha, обраснат со дабова шума, каде има грамади од кршен камен, а наместа се гледаат темели од објекти. Во нивите што се непосредно до локалитетот, според кажувањето на локален селанец, со орањето биле откривани гробови градени од камени плочи.[11]
  • Дреновска Вода претставува црква и некропола одсредниот век. Се наоѓа западно од селото, во приватна нива, каде соптвеникот орајќи ја својата нива, открил темели од објект и околу нив гробови градени со камени плочи. Можеби се работи за темели од мала црквичка и некропола.[11]

Настани[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Филиповски, Ѓорѓи (1948). Сушата во НР Македонија и борбата против неа.. Скопје. 
  2. 2,0 2,1 Трифуновски, Јован (1968). Кичевска котлина:селски населби и становништво. Скопје. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Д-р Смиљанић, Томо (1931). "Порекло родова - Кичевија". 
  4. Дефинитивни резултати пописа населља из јануара 1921 година Кралјевине Југославије. Сарајево: државна штампарија. 1932. 
  5. Дефинитивни резултати пописа становништва од 31.марта 1931 године Краљевине Југославије. Београд: државна штампарија. 1937. 
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.. Софија: Македонски научен институт. 1995. 
  7. Кънчов, Васил (1900). Македония. Етнография и статистика. София. 
  8. 8.D.M.Brancoff. (1905). „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris. стр. 156 – 157.. 
  9. Стойчева, Станислава (ХХХVІІІ). Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912) Македонски преглед. 
  10. Попис на населението во Република Македонија 2002. - Книга 10... 
  11. 11,0 11,1 Коцо, Димче. Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069. 

Поврзано[уреди | уреди извор]


Надворешни врски[уреди | уреди извор]

[1]Село Раштани -facebook страна