Грешница (Кичевско)
Грешница | |
Координати 41°34′29″N 20°55′53″E / 41.57472° N; 20.93139° EКоординати: 41°34′29″N 20°55′53″E / 41.57472° N; 20.93139° E | |
Општина | ![]() |
Население | 1.480 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 12014, 12514 |
Надм. вис. | 709 м |
Грешница — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Грешница се наоѓа во регионот на Горно Кичево, поточно на источните слапови на Бистра.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Кичевската каза во Отоманското Царство.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Грешница живееле 350 жители, сите Албанци.[1]
Од другата страна пак, во записите на Афанасиј Селишчев, руски филолог, селото било од мешан етнички карактер.[2]
Според последниот попис од 2002 година, селото има население од 1.480 жители, од кои 1.475 Албанци, 2 Македонци и 3 други.[3]
На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350[1] | 80[5] | 666 | 700 | 813 | 999 | 1.174 | 1.355 | 1.480 |
Родови[уреди | уреди извор]
Грешница е албанско село.
Родови во селото се:
Во Мучовско маало се родовите Мучај (10 к.), Хасанај (11 к.), Љаталар (5 к.) и Алибашај (3 к.) - во Даљовско маало е родот Хасанај (40 к.) - во маалото Душка се родовите Душкај (15 к.) и Суљ демај (4 к.) потекнуваат од двајца браќа - во Горно маало се родовите Думај (10 к.), Хасанај (10 к.) и Миналар (5 к.). Сите родови се доселени од селото Зајас, со исклучок на родот Миналар кој е доселен од Лешница. На сите родови подалечно потекло им е од областа Матија во северна Албанија. Најброен род бил Хасанај (61 к.) они во Зајас живееле во Теќе маало, каде и сега имаат роднини. Нивни роднини преселени од Зајас има и во Длапкин Дол (7 к.) и Кичево (4 к.).[6]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постојат изборните места бр. 828 и 828/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни место биле запишани вкупно 1.378 гласачи.[8]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 224.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
- ↑ „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2019-01-02.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Грешница на Карти на Google