Лазаровци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лазаровци
Лазаровци се наоѓа во Republic of Macedonia
Лазаровци
Местоположба на Лазаровци во Македонија
Координати 41°32′04″ СГШ 20°59′44″ ИГД / 
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 88 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 892 м
Карта на општина Кичево со селските атари.

Лазаровци е село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Лазаровци се наоѓа во областа Горно Кичево, оддалечено 4,5 километри северозападно од Кичево.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 9 семејства и 1 вдовица, сите христијани.[1]

Подоцна селото се споменува под истото име и во другата половина на 15 век (1476/77г.). Селото Лазоровци во тоа време имало околу 31-на христијански куќи. Денес во село Лазоровци не постојат постари македонски родови. Кога предците на сегашните најстари родови пред околу 200 години се населиле - Орешковци и Павлевци, тие ја нашле само напуштената црква. Остатоци од некогашните куќи има кај Сташинец и Попоа Вода.

Во село Лазоровци постоеле главешини, Ванче Петроски и Дели-Митре. Тие го спасиле селото од арнаутите кои сакале да го заземат исто како што сториле со останатите околни села. Со цел да го спаси Лазоровци, Дели-Митре морал на арнаутите да им го отстапи Ериновци. Лазоровчани во минатото често велеле “Ние сме паѓале од оф на леле!“.

Во 19 век Македонците од Лазоровци не смееле да ја напасуваат својата стока во својот атар, во тоа биле спречени од страна на муслиманите од околните села. Поради тоа околу 1850 година селаните од соседното село Црвивци го повикале арнаутинот Мамуд, да ги заштитува (нормално за тоа селаните му плаќале).

Така Мамуд го населил некогашното христијанско село Ериновци кое одамна било опустошено од страна на турскиот аскер.

Во текот на втората светска војна, од албанската окупција селото Ериновци административно почнало да се запишува како Мамудовци. Поради тоа старото македонско име брзо се заборава. Во 1912 година селото Ериновци (Мамуцовци) имало седум семејства, потомци од Мамудовите синови.

По ослобудувањето од Турците, Лазоровци имало 13 куќи. Селаните секогаш живееле од својата земја. Постои предание за змејот кој грабнал девојка додека играла на оро, и ја однесол во пештерата под Чука кај Ериновци.

Според податоците од 1873 година, селото имало 16 домаќинства со 88 жители христијани (Македонци).[2]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Лазаровци живееле 130 жители, сите Македонци.[3]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лазаровци имало 104 Македонци, егзархисти.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Лазаровци живеат 88 жители, сите Македонци.[5]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 130[3] 104[4] 153 168 151 166 138 118 110 88

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви
Археолошки локалитети[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.231
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
  3. 3,0 3,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.255
  4. 4,0 4,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. http://www.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Dialog/varval.asp?ma=Popis_nm_1948_2002_NasPoEtnPrip_mk&ti=%CD%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+%ED%E0+%D0%E5%EF%F3%E1%EB%E8%EA%E0+%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%E8%E7%BC%E0%F1%ED%F3%E2%E0%9C%E5%F2%EE+%E7%E0+%E5%F2%ED%E8%F7%EA%E0%F2%E0+%EF%F0%E8%EF%E0%E4%ED%EE%F1%F2%2C+%EF%EE++%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8+%EC%E5%F1%F2%E0%2C+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%EF%EE%EF%E8%F1%E8%F2%E5+%ED%E0+%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+1948%2C+1953%2C+1961%2C+1971%2C+1981%2C+1991%2C+1994+%E8+2002++%E3%EE%E4%E8%ED%E0+%28%F1%EE%E3%EB%E0%F1%ED%EE+%F2%E5%F0%E8%F2%EE%F0%E8%BC%E0%EB%ED%E0%F2%E0+%EE%F0%E3%E0%ED%E8%E7%E0%F6%E8%BC%E0+%EE%E4+1996+%E3%EE%E4%E8%ED%E0%29&path=../Database/%CF%EE%EF%E8%F1%E8/%CF%EE%EF%E8%F1%E8%20%ED%E0%20%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5%201948%20-%202002/&lang=18. 
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]