Јагол Доленци
Јагол Доленци, или само Доленци, е село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Содржина
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Јагол Доленци се наоѓа во областа Горно Кичево, на западните падини на Добра Вода, оддалечено 16,5 километри северно од Кичево.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Кичевската каза во Отоманската Империја.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според податоците од 1873 година, селото (тогаш познато како Деленци) имало 16 домаќинства со 68 жители христијани (Македонци).[1]
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Јагол Доленци живееле 210 жители, сите Македонци.[2]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јагол Доленци имало 420 Македонци, егзархисти.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Јагол Доленци живеат 13 жители, сите Македонци.
На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 210[2] | 240[3] | 155 | 162 | 143 | 84 | 31 | 25 | 17 | 13 |
Родови[уреди | уреди извор]
Јагол Доленци е македонско село.
Родови во селото се: Ниновци (11 к.), Аврамовци (7 к.) и Гиновци (6 к.) потекнуваат од тројца браќа Нино, Аврам и Гино, биле основачи на денешното село. Доселени се од некое село во областа Матија во Албанија во втората половина од 18ти век. Ја знаат следната генеологија Љубе (жив на 67 год. во 1961 година) Илија-Митре-Ѓоргија-Секула-Аврам, основачот на родот; Брцевци или Сандевци (1 к.) доселени се од сега албанското село Бериково, од каде се иселиле во 1900 година, ја знаат следната генеологија Јордан (жив на 40 год. во 1960 година) Мишко-Санде, кој се доселил, се зборува дека Албанците сакале да им одземат некое девојче, и затоа избегале.[5]
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Секуловци (10 к.), Ниневци (4 к.) и Ѓиновци (14 к.) доселени се од некое село Долени кај Дебар. Овде се доселиле тројца браќа Нине, Ѓино и Секула. Едниот брат прешол на ислам и отишол во селото Аранѓел. Останатите по некое време прешле во Кичево, па некој ага ги вратил назад. Од Ѓиновци има иселеници во Белград.[6]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.255
- ↑ 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
- ↑ „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево (mk-MK). 2018-05-16. конс. 2018-12-30.
- ↑ „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926)“. Кичево (mk-MK). 2018-05-16. конс. 2019-10-27.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Јагол Доленци на Google Maps.
![]() |
Оваа статија за поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |