Колари
Колари — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Колари се наоѓа во областа Горно Кичево, меѓу планините Буковиќ (на север) и Бистра (на југ). Селото е во близина на Зајаска Река.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 39 семејства, 2 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[1]
Според податоците од 1873, во селото имало 41 домаќинство со 100 жители Албанци муслимани и 38 Македонци христијани.[2]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Колари живееле 180 жители, од кои 160 Албанци и 20 Македонци.[3]
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Колари имало 64 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото имало 880 жители, од кои 879 Албанци и 1 Македонец.[5]
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[6]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180[3] | 64[4] | 430 | 487 | 582 | 695 | 870 | 732 | 880 |
Родови[уреди | уреди извор]
Колари е албанско село.
Родови во селото се: Руга (25 к.) се делат на Садиковци и Азисовци. Потекнуваат од двајца браќа доселени од областа Матија во Албанија Во родот Садиковци се знае следното родословие: Сеадин (жив на 50 г. во 1961 година) Меџит-Селман-Мифтар-Садик, основачот на родот кој се доселил, тоа било почетокот на XIX век; Чурчиај (4 к.), Уковци (24 к.), Браовци (9 к.), Јаовци (6 к.), Кепа (5 к.) и Лановци (4 к.) доселени се во различен период од соседното село Зајас. На сите родови подалечно потекло им е од Матија во Албанија.[7]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 821 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 977 гласачи.[9]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.204
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.92-93.
- ↑ 3,0 3,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.256.
- ↑ 4,0 4,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-12-24.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Колари на Карти на Google
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |