Гарани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гарани
Гарани is located in Македонија
Гарани
Местоположба на Гарани во Македонија
Координати 41°32′13″N 21°1′14″E / 41.53694°СГШ 21.02056°ИГД / 41.53694; 21.02056Координати: 41°32′13″N 21°1′14″E / 41.53694°СГШ 21.02056°ИГД / 41.53694; 21.02056
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 542 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1079 м


Гарани е село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. Според пописот од 2002 година, во селото има 542 жители. До 2013 селото било дел од Општина Осломеј, која била припоена кон Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Гарани се наоѓа во областа Горно Кичево, на западните предели на Челоица. Административно е дел од Општина Кичево.

Историја[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година во селото (тогаш познато како Барни) имало 80 домаќинства со 200 жители муслимани.[1]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К'нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Гарани имало 470 жители, сите Албанци.[2]

Спорд пописот од 2002 година, Гарани има население од 542 жители, од кои 1 Македонец и 541 Албанец. Дел од населението е иселено во странство.

На табелата е прикажан преглед на населението во сите пописни години:[3]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 400[2] 273 295 332 155 44 519 542

Родови[уреди | уреди извор]

Гарани е албанско село.

Родови во селото се: Мужаковци (8 к.), Етовци (7 к.), Кумовци (6 к.), Летниковци (4 к.), Велиовци (4 к.), Љукручевци (2 к.), Љошовци (2 к.) и Кочовци или Коче (2 к.) сите овие родови потекнуваат од предци доселени од областа Матија во северна Албанија кои се населиле на крајот од 18ти и почетокот од 19ти век. Во родот Летниковци се знае следната генеологија Садин (жив на 62 год. во 1961 година) Сеадин-Сали-Бајрам-Алим, предокот кој се доселил. Иначе во Гарани многу од населението има и „торбешка крв“ затоа што често носеле жени од селото Пласница, а во Гарани се памти и некоја жена од Србица, која до крајот на својот живот го знаела мајчиниот македонски јазик.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 96-97.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 255
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  4. "Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски". Кичево (mk-MK). 2018-05-16. конс. 2019-01-02. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]