Извор (Кичевско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења на поимот Извор, видете на појаснителната страница
Извор

Поглед на селото од патот кон Кленоец

Извор во рамките на Македонија
Извор
Местоположба на Извор во Македонија
Извор на карта

Карта

Координати 41°28′40″N 20°49′12″E / 41.47778° СГШ; 20.82000° ИГД / 41.47778; 20.82000Координати: 41°28′40″N 20°49′12″E / 41.47778° СГШ; 20.82000° ИГД / 41.47778; 20.82000
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Копачка
Население 11 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6261
Повик. бр. 045
Шифра на КО
Извор на општинската карта

Атарот на Извор во рамките на општината
Извор на Ризницата

Извор — село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед кон изворот на реката Треска

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, на самиот пат Кичево-Охрид, во изворишното сливно подрачје на реката Треска.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 745 метри. Од градот Кичево е оддалечено 14 километри.[2]

Младото село Извор се наоѓа на патот Кичево-Охрид и на некогашното железничка линија со тесен колосек до Охрид. Основано е во горниот дел на долината на Треска, околу врелото Извор, по кого го добило и името. Земјиштето на кое е основано селото било атар на соседното планинско село Душегубица.[3]

Селото се наоѓа во областа Горна Копачка, на реката Треска.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото било основано по Втората светска војна, околу некогашната железничка станица на пругата Кичево-Охрид.[3]

По капитулацијата на Италија во Втората светска војна кај селото се воделе борби меѓу партизанските единици и фашистичката војска. На 5 октомври 1943 година борбата траела цел ден, по што поголем дел од фашистичките војски биле протерани од селото и од Кичево. За време на борбите селото Извор е палено неколкупати. Најжестоките борби за ослободување на кичевскиот регион, а со тоа и на селото Извор се воделе во мај 1944 година.

На 26 ноември 1943 година, во селото е создаден Првиот косовски народноослободителен баталјон „Рамиз Садику“.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото нема сопствен атар, туку го потпаѓа под атарот на селата Горна и Долна Душегубица, поради што нема одделни катастарски податоци.[2]

Во минатото, во селото постоело сточарската задруга „Копачка“ со околу 4.500 овци. Зиме овците биле носени во селата Витанци и во Попадија.[3]

Откако започнала изградбата на автопатот Кичево-Охрид, во селото се наоѓа базата на кинеските работници од претпријатието „Синохидро“, кои го градат автопатот.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194855—    
195395+72.7%
1961163+71.6%
1971132−19.0%
198193−29.5%
ГодинаНас.±%
199157−38.7%
199452−8.8%
200249−5.8%
202111−77.6%

Во 1961 година, селото броело 163 жители, главно, доселени од околните места, а во 1994 година имало само 52 жители, од кои 50 Македонци и двајца Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Извор живееле 49 жители, од кои 48 Македонци и 1 Србин.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 10 Македонци и 1 останат.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 55 95 163 132 93 57 52 49 11
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Македонското население потекнува од доселеници од околните планински села: Душегубица[10] и Кленоец. Сепак поголемиот дел доаѓа од првото село (околу 30 к.).[3]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поранешната пошта во селото
  • Поранешна пошта
  • Полициско одделение „Извор“[11]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било седиште на тогашната Општина Извор, во која покрај селото Извор, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Кленоец, Малкоец и Попоец.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0768 според Државната изборна комисија, сместено во училишната зграда. Во ова избирачко место е опфатено и селото Кленоец.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.[13] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[16]
Споменици
Реки[17]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Иселеници од Извор има во прилепското село Житоше: Китаноски (2 к.) и Стрезоски (1 к.), преселени во 1954 година.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 135. Посетено на 23 јануари 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 90.
  4. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Прв“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1207. Text "series " ignored (help)
  5. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 јануари 2019.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Во тоа време Душегубица претставувало едно село, кое денес е поделено на Горна и Долна Душегубица.
  11. „Сектор за внатрешни работи – Охрид“. Министерство за внатрешни работи. Посетено на 23 јануари 2019.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 23 јануари 2019.
  13. „Локални избори 2017“. Посетено на 23 јануари 2019.
  14. „Референдум 2018“. Посетено на 23 јануари 2019.[мртва врска]
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. НМ (2023-10-28). „Започна изградбата на црковен храм во кичевското село Извор“. Нова Македонија. Посетено на 2023-10-30.
  17. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 72. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]