Лешница (Кичевско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лешница
Лешница is located in Македонија
Лешница
Местоположба на Лешница во Македонија
Координати 41°34′17″N 20°54′33″E / 41.57139° N; 20.90917° E / 41.57139; 20.90917Координати: 41°34′17″N 20°54′33″E / 41.57139° N; 20.90917° E / 41.57139; 20.90917
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 219 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 820 м
Карта на Општина Зајас со селските атари.

[1]Лешница — село во Општина Кичево, во областа Кичевија, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Лешница се наоѓа во областа Горно Кичево, на источните падини на Бистра, оддалечено 11 килиметри североисточно од Кичево.

Историја[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, во Лешница имали 8 домаќинства со 95 жители христијани (Македонци).[2]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Лешница живееле 245 жители, од кои 170 Македонци и 75 Албанци.[3]

Според пописот од 2002 година, во Лешница живееле 219 жители, од кои 37 Македонци и 182 Албанци.[1]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 264
1953 131 158 1 ... 290
1961 131 171 ... ... ... 302
1971 121 199 ... ... 320
1981 100 168 4 ... 282
1994 51 125 2 ... 178
2002 37 182 219

Родови[уреди | уреди извор]

Лешница е македонско-албанско село.

  • Македонски родови во селото се: Чуљевци (9 к.) куќите им се во горно маало, они се најстариот селски род. Возможно е да се староседелци; Боздевци (7 к.), Миајлевци (4 к.) и Петревци (1 к.) куќите им се во средно маало, овие родови потекнуваат од предци кои се доселени. Родот Боздевци е доселен од некое село во областа Матија (во Албанија), доселени се како каури пред Албанците, Миајлевци се доселени од торбешкото село Бачишта, а за потеклото на родот Петревци не се знае ништо.
  • Албански родови во селото се: Исљамовци (12 к.) и Садуловци (12 к.) потекнуваат од ист предок, доселени се од областа Матија. Тука се оженил за Македонка православна, и од тој брак потекнуваат родовите. Куќите им се во долно маало. Лешничките Албанци често се женеле со Македонки. Пред крајот на турското владеење они грабнале три Македонки. После Првата светска војна две наши девојки доброволно се земале за Албанци.[5]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 826 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 175 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

== Иселеништво ==-->

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.92-93.
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.255.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  5. „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-12-30.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]