Драган Спироски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Драган Штерјов Спироски ( 1910 во Лешница (Кичевско)1943 во Вранештица, Цер (село), Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По занимање бил земјоделец. Во есента 1943 година, во селото Карбуница стапил во редовите на НОВ во Групата баталјони. Учествувал во повеќе борби низ Кичевско. Во ноември 1943 година загинал на теренот помеѓу селото Вранештица и Цер. Закопан бил во селото Цер.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 117.