Староец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Староец
Staroec MKD.jpg

Поглед на дел од селото Староец и соседните планини Челоица и Даутица(Поречје)

Староец се наоѓа во Republic of Macedonia
Староец
Местоположба на Староец во Македонија
Координати 41°27′42″ СГШ 21°03′20″ ИГД / 
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 195 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 610 м
Commons-logo.svg Староец на Ризницата
Карта на општина Вранештица со селските атари.
Црквата Свети Јован Крстител во селото Староец

Староец е село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Староец се наоѓа на оддалеченост од 6 километри, југоисточно од градот Кичево[1]. Староец е сместено на подножјето на северо-западната страна на планината Баба Сач на надморска височина од 610 метри[2], во горното течение на реката Треска од нејзината десна страна. Крај самото село од јужната страна извира бистар поток, кој потоа минувајќи низ самото село, се влева во реката Треска од нејзината десна страна. Во непосредна близина на селото е и трасата на стариот пат Кичево - Демир Хисар -Битола. Селото е окружено со густи јасенови, букови и борови шуми, а во долниот дел со обработливо земјиште. На атарот на селото се застапени хумусната почва во алувијалната рамнина на реката Треска, глинестата почва на планинските падини источно и јужно од селото, каде што се наоѓа и ископ за глина, како и црница и карст во помала мерка, западно кон с. Карбуница.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото Староец е едно од постарите села во Кичевијата. Прв историски податок за ова село се сретнува од втората половина на XV век, кога во 1476/1477 година во турските дефтери било запишано дека во Старовец имало 49 македонски христијански куќи[3]. Потоа христијанското население се иселило, а мал дел преминало во исламот[4]. За селото е познато меѓу денешните негови жители дека во минатото, во XIX век било населено со Македонци-муслимани и Турци[5]. За време на Илинденското востание во август 1903 година, комитските чети од соседното село Карбуница го нападнале турското население од Староец и успеале да протераат поголем дел од него[6]. На местото на протераното турско муслиманско население, се населиле православни Македонци од соседното село Карбуница и повеќе кичевски села Добреноец, Јаворец, Бигор Доленци, Лазаровци, Дворци, Осломеј, Кладник, како и од селата Инче во Поречје, Кошино (Прилепско) и Прострање (Демирхисарско)[7]. За време на Балканските војни во периодот по 1913 (кога се кренал албански бунт во областа, во кој учествувале муслимани од Староец) комитски чети од Карбуница, српската војска и една четничка група од Поречје[8] повторно го напаѓаат Староец и овој пат целосно го протеруваат и убиваат останатото муслиманско население и на негово место повторно се населуваат Македонци, кои остануваат како единствена етничка заедница која до ден денес живее во селото Староец. Во периодот меѓу 1913 и 1921 селото не постоело[9] и било потполно раселено, кога почнале повторно трајно да се заселуваат македонските родови во два наврати, периодот 1921-1928 и по 1946 година.

Економија[уреди | уреди извор]

Населението на селото Староец, се занимава со земјоделие. Најразвиени се полјоделството и сточарството, кое пред се е за домашни потреби, но значаен дел од вишокот на производството се продава и на пазарот во Кичево, а во помала мера и во Македонски Брод. Полјоделството е развиено на бројните ниви под селото во северен правец, во алувијалната рамнина на реката Треска. Главни полјоделски култури кои се одгледуваат во Староец се: компирот, пченката, гравот, пченицата, младиот кромид и лук, марулата, пиперот, зелката и краставицата. Од сточарството застапени се: живината (кокошки), свињите и козите. Исто така во селото е застапено и овоштарството, преку одгледување на јаболка, сливи, круши, цреши, ореви и костени. Дел од населението се занимава и со собирање на печурки и планински чај, на блиските планински падини. Во селото Староец работи и една земјоделска задруга. Селото Староец како и повеќе места во Кичевско е далеку прочуено по производството на свински домашни колбасици со црвен пипер, кои се чадат на оган во бројните сушилници кои се изградени во дворовите на куќите. Недалеку од Староец, во источен правец се наоѓа ископ на глина, од кој се прават прочуените глинени стомни и грниња во Вранештица.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Староец живееле 131 жител, сите Македонци, од кои 95 муслимани и 36 православни.[10]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Староец имало 48 Македонци, егзархисти.[11]

Според пописот од 2002 година, во селото Староец живеат 195 жители, од кои 194 Македонци и 1 Србин.[12]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[13]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 131[10] 48[11] 258 303 325 338 281 214 219 195

Родови[уреди | уреди извор]

Во селото Староец живеат исклучиво Македонци од православна христијанска вероисповед. Денешните родови кои живеат во селото се доселени од околните кичевски села како и од областите Порече, Железник (Демирхисарско) и Прилепско. Од Кичевско се доселени родовите: Лоловци, Трпевци, Крагуевци, Доклевци, Настевци, Џекеровци, Поповци, Чупчевци, Дамчевци, Волчевци, Старокрајовци, Јанковци, Милевци и Јокалевци (сите од с.Карбуница), Чапевци, Тодоровски, Костадиновци и Јованоски (сите од селата Горни и Долни Добреноец), Јаорчани (од с.Јаорец), Малковјани (од с.Малкоец), Душогубичани (од с.Душегубица), Голабовци (од с.Вранештица), Стојковци (од с.Бигор Доленци), Стефановци (од с.Лазоровци), Филипоски (од с.Осломеј), Дворчани (од с.Дворци) и Цветановци (од с.Кладник)[14]. Од селото Инче во Порече е доселен родот Маркоски, од селото Прострање во областа Железник (Демир Хисар) е доселен родот Арбовци, додека родот Димоски е доселен од прилепското село Кошино[15].

Во далечното минато на селото Староец, пред неговото раселување и населување со муслиманско население, се забележани два иселени македонски православни христијански родови: Мојсовци (во с. Грешница во Поречје) и Крваовци (во с.Карбуница)[16]. Од некогашните македонски муслимански родови кои живееле во Староец до 1912 година се забележани следните родови: Мустафовци, Исмаиловци, Мечовци, Иметовци, Веселовци, Акитовци, Јашаровци, Бејзатови, Алитовци, од кои околу 45 домаќинства имале македонско потекло, додека околу 15 домаќинства имале албанско потекло (потомци на доселенички родови од с.Туин), меѓутоа сите говореле на македонски јазик.[17]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Во селото работи основното училиште „Зоре Николоски“.

Цркви[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[18]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.284
  2. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.284
  3. Трифуноски Ф. Јован. „Кичевска Котлина - сеоска насеља и становништво“. Скопје, 1968 год. стр.108
  4. Трифуноски Ф. Јован. „Кичевска Котлина - сеоска насеља и становништво“. Скопје, 1968 год. стр.108
  5. Трифуноски Ф. Јован. „Кичевска Котлина - сеоска насеља и становништво“. Скопје, 1968 год. стр.109
  6. По кажувања на жители од селото (семејство Мицковски чии предци учствувале во случувањата) на 01.05.2008
  7. Трифуноски Ф. Јован. „Кичевска Котлина - сеоска насеља и становништво“. Скопје, 1968 год. стр.110
  8. Трифуноски Ф. Јован. „Кичевска Котлина - сеоска насеља и становништво“. Скопје, 1968 год. стр.109
  9. Трифуноски Ф. Јован. „Кичевска Котлина - сеоска насеља и становништво“. Скопје, 1968 год. стр.109
  10. 10,0 10,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.257
  11. 11,0 11,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.156-157.
  12. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  13. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. http://www.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Dialog/varval.asp?ma=Popis_nm_1948_2002_NasPoEtnPrip_mk&ti=%CD%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+%ED%E0+%D0%E5%EF%F3%E1%EB%E8%EA%E0+%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%E8%E7%BC%E0%F1%ED%F3%E2%E0%9C%E5%F2%EE+%E7%E0+%E5%F2%ED%E8%F7%EA%E0%F2%E0+%EF%F0%E8%EF%E0%E4%ED%EE%F1%F2%2C+%EF%EE++%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8+%EC%E5%F1%F2%E0%2C+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%EF%EE%EF%E8%F1%E8%F2%E5+%ED%E0+%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+1948%2C+1953%2C+1961%2C+1971%2C+1981%2C+1991%2C+1994+%E8+2002++%E3%EE%E4%E8%ED%E0+%28%F1%EE%E3%EB%E0%F1%ED%EE+%F2%E5%F0%E8%F2%EE%F0%E8%BC%E0%EB%ED%E0%F2%E0+%EE%F0%E3%E0%ED%E8%E7%E0%F6%E8%BC%E0+%EE%E4+1996+%E3%EE%E4%E8%ED%E0%29&path=../Database/%CF%EE%EF%E8%F1%E8/%CF%EE%EF%E8%F1%E8%20%ED%E0%20%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5%201948%20-%202002/&lang=18. 
  14. Трифуноски Ф. Јован. „Кичевска Котлина - сеоска насеља и становништво“. Скопје, 1968 год. стр.109-110
  15. Трифуноски Ф. Јован. „Кичевска Котлина - сеоска насеља и становништво“. Скопје, 1968 год. стр.110
  16. Трифуноски Ф. Јован. „Кичевска Котлина - сеоска насеља и становништво“. Скопје, 1968 год. стр.109
  17. Трифуноски Ф. Јован. „Кичевска Котлина - сеоска насеља и становништво“. Скопје, 1968 год. стр.109
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]