Горно Добреноец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горно Добреноец

Поглед на селото

Горно Добреноец во рамките на Македонија
Горно Добреноец
Местоположба на Горно Добреноец во Македонија
Горно Добреноец на карта

Карта

Координати 41°30′30″N 20°53′17″E / 41.50833° СГШ; 20.88806° ИГД / 41.50833; 20.88806Координати: 41°30′30″N 20°53′17″E / 41.50833° СГШ; 20.88806° ИГД / 41.50833; 20.88806
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Копачка
Население 30 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6261
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12016
Надм. вис. 780 м
Горно Добреноец на општинската карта

Атарот на Горно Добреноец во рамките на општината
Горно Добреноец на Ризницата

Горно Добреноец — село во областа Копачка, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Охрид. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Долна Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, од левата страна на реката Треска, а на југоисточните падини на Бистра.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 780 метри. Од градот Кичево е оддалечено 6 километри.[2]

Селото е сместено во долината на реката Студенчица, лева притока на Треска. Околни села се: Јаворец, Долно Добреноец, Лавчани и Кнежино. Куќите се наоѓаат лево од брегот на реката и на благите падини. Малку куќи се сретнуваат на десниот брег од реката.[3]

Има заеднички атар со селото Долно Добреноец. Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Млаки, Гргул, Старо Село, Петро Село, Равен, Расаиште, Голема Млака, Јаорје, Гробои, Широка Нива, Речиште, Скалине, Метеризи, Гегоо Викало, Гоечко Биље, Кула, Јасика, Два Камена, Малезоа Рупа, Василеј Нивје, Пиој, Седлиште, Рибарица и Ранци.[3]

Селото има збиен тип. Не постојат маала, но има родовско групирање, како што се Роптевци, Станојовци, Шишковци и други.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во близина на селото се наоѓаат две историски села, Студено и Ранци.[3]

Најпрвин постоело селото Добреноец, кое се наоѓало на повисок терен, во месноста Старо Село. Во тоа село живеел родот Дрмановци, староседелци. Кон крајот на XVIII век или почетокот на XIX век, во селото се населиле и тројца браќа, по потекло од Закамен. Во средината на XIX век, селаните се спуштиле во долината на реката Студенчица. Така, било основано ново село со две издвоени маала, Горно и Долно. Маалата од 1946 година функционираат како посебни села.[3]

Во XIX век, Горно Добреноец било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Во текот на Втората светска војна, селото било под италијанска контрола, како и од страна на балистите.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е заеднички со соседното село Долно Добреноец и зафаќа голем простор од 41,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.515,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.429,9 хектари, а на обработливото земјиште 140,5 хектари.[2]

Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[2]

Во минатото работеле повеќе воденици на реката Студенчица. Денес, постои рибник на реката за калифорниска пастрмка. Исто така работи и рибен ресторан и пицерија.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948347—    
1953347+0.0%
1961277−20.2%
1971237−14.4%
1981120−49.4%
ГодинаНас.±%
199162−48.3%
199471+14.5%
200256−21.1%
202130−46.4%

Според податоците од 1873 година, селото Добреноец (Горно и Долно) имало 32 домаќинства со 139 жители христијани (Македонци).[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во двете села имало 500 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во двете села имало 488 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]

Селото е мало и во 1961 година броело 277 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 71 жител, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Горно Добреноец живееле 56 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, од кои 24 Македонци, 1 останат и 5 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 500 488 347 347 277 237 120 62 71 56 30
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови[уреди | уреди извор]

Горно Добреноец е македонско православно село.[3]

Во непосредна близина се наоѓаат две села со името Добреноец, тоа се Горно и Долно, потекнуваат од предци кои најпрво од Закамен, дошле во Старо Село кое постоело во атарот на Добреноец, па потоа се разделиле, едни го основале Горно Добреноец, а други Долно Добреноец.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

Родови во Горно Добреноец се: Роптевци (11 к.), Шишковци (11 к.), Станојовци (10 к.), Ќосевци (7 к.), Шкоревци (7 к.) и Ќурлоковци (5 к.), сите овие родови се доселени од Закамен. Од Закамен се населиле околу крајот на ХVIII век или почетокот на XIX век. Во родот Ќосевци се знае следното родословие: Божин (жив на 65 г. во 1961 година) Раде-Џеко-Анѓеле-Трајан. Од Закамен се доселил таткото на Трајан, а од Старо Село во Горно Добреноец дошол Џеко.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Дрмановци (4 к.), староседелци; Тировци (2 к.), дошле од Закамен; Топузовци (10 к.), Митревци (5 к.), Мечкаровци (5 к.), Митановци (10 к.), Чкоревци (11 к.), Станојовци (8 к.), Гроздановци (4 к.), Ќосевци (7 к.), Ѓешковци (3 к.), Ѓуровци (1 к.), Шишковци (8 к.), дојдени од старото напуштено село Студена, низ кое течела реката Студенчица.[14]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Еколошкото друштво „Дрен“ во селото
  • Еколошко друштво „Дрен“
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Другово, во која покрај селото Горно Добреноец, се наоѓале и селата Долно Добреноец, Другово, Јаворец, Лавчани, Манастирско Доленци, Подвис, Пополжани и Србјани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Подвис, во која влегувале селата Горно Добреноец, Долно Добреноец, Лавчани и Подвис.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0762 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Јаворец.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 45 гласачи.[16] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 41 гласач.[18]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[19]
Реки[20]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Горно Добреноец

Иселеништво[уреди | уреди извор]

По Втората светска војна, неколку домаќинства се иселиле во кичевските села Другово и Староец, а потоа и во Кичево.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 39. Посетено на 6 јануари 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 82–83.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 90-91.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 јануари 2019.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-25.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 јануари 2019.
  16. „Локални избори 2017“. Посетено на 16 јануари 2019.
  17. „Референдум 2018“. Посетено на 16 јануари 2019.[мртва врска]
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 69. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  21. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  22. 22,0 22,1 22,2 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  23. 23,0 23,1 23,2 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]