Рабетино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рабетино
Рабетино is located in Македонија
Рабетино
Местоположба на Рабетино во Македонија
Координати 41°32′39″N 21°3′59″E / 41.54417° СГШ; 21.06639° ИГД / 41.54417; 21.06639Координати: 41°32′39″N 21°3′59″E / 41.54417° СГШ; 21.06639° ИГД / 41.54417; 21.06639
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 3 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 805 м
Карта на поранешната општина Вранештица со селските атари.

Рабетиносело во Општина Кичево, во областа Рабетин-кол, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Рабетино се наоѓа во областа Рабетинкол, меѓу Челоица и Песјак, југозападно од градот Кичево.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 25 семејства и 3 неженети, сите христијани.[1]

Во XIX век селото е дел од Кичевската каза во Отоманската Империја.

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училишен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Рабетино:[2]

ДомаќинстваГурбетчииПисмениНеписмени
мажи женивкупно мажи жени вкупно
15 25 24 4 28 23 45 68

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 8 домаќинства со 38 жители христијани (Македонци).[3]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Рабетино живееле 100 жители, сите Македонци.[4]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рабетино имало 112 Македонци, егзархисти.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 3 жители, сите Македонци.[6]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 100[4] 112[5] 90 82 72 58 24 6 6 2

Родови[уреди | уреди извор]

Рабетино е македонско православно село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 60тите на XX век родови во селото се: Божиновци или Муратовци (2 куќи), Петковци (2 куќи), Трајановци (2 куќи), Миладиновци (1 куќа) и Томевци (1 куќа) староседелци, кои живееле во старото село Рабетино; Дојчиновци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Ново Село, во Ново Село припаѓале на родот Спасеновци; Милевци (3 куќи) доселени се од селото Добреноец.[7]

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Муратовци (4 куќи), Трпевци (9 куќи) и Угриновци (2 куќи) староседелци; Милевци (3 куќи) доселени се од селото Добреноец; Дојчиновци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Ново Село.[8]

Личности[уреди | уреди извор]


Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.232
  2. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 75.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
  4. 4,0 4,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.257
  5. 5,0 5,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.156-157.
  6. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика. 
  7. Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски - Кичево“, „Кичево“, 16 мај 2018. (на mk-MK)
  8. Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“, „Кичево“, 16 мај 2018. (на mk-MK)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]