Ново Село (Кичевско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ново Село
Ново Село се наоѓа во Republic of Macedonia
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Македонија
Координати 41°35′12″ СГШ 21°03′10″ ИГД / 
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 143 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1320 м
Карта на Општина Осломеј со селските атари.

Ново Село е село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Ново Село се наоѓа во областа Горно Кичево, на западните падини на Челоица. Оддалечено е 15,5 километри североисточно од Кичево.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото е дел од Кичевската каза во Отоманската Империја.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, Ново Село имало 28 домаќинства со 62 жители муслимани и 36 христијани (Македонци).[1]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Ново Село живееле 185 жители, од кои 110 Македонци и 75 Албанци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село имало 120 Македонци, егзархисти.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Ново Село живеат 143 жители, од кои и 141 Албанец и 2 Македонци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 311
1953 69 255 ... 2 326
1961 61 253 ... ... 1 ... 1 316
1971 30 208 ... ... 238
1981 22 190 ... 8 220
1994 11 159 ... 170
2002 2 141 143

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
  2. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.255
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]