ОУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ - Србица
Ѓерѓ Кастриоти Скендербег | |
|---|---|
Поглед на основното училиште | |
| Место | |
| Општина: | Општина Кичево |
| Наречено по: | Скендербег |
| Нас. место: | Србица |
| Адреса: | с. Србица |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Директор: | Џелил Џелили |
| Број на ученици: | 81[1] (2020/21) |
| Настава на: | албански |
| Контактни информации | |
| Е-пошта | gkskenderbeu@gmail.com |
| Телефон | 045/258-821 |
| Факс | 045/258-821 |
Основно училиште „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“[2] (официјално: Основно општинско училиште „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ - Србица; скратено: ООУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“) — централно основно училиште во селото Србица, Општина Кичево.[3] Училиштето се наоѓа помеѓу селата Србица и Арангел.
Денес, училиштето е именувано по албанскиот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, додека во минатото училиштето го носело името Лирија („Слобода“).[4]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Објектот на централниот објект на училиштето се наоѓа на самиот влез во селото Србица, кога се влегува од страната на селото Арангел.
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик.[5]
Наставниот процес во централниот објект во Србица се изведува во две училишни згради една до друга.[6]
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[1]
- ПУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ - Жубрино, петтгодишно подрачно училиште; и
- ПУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ - Ново Село, петгодишно подрачно училиште.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Вториот училиштен објект
- Вториот училиштен објект
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „ГОДИШНА ПРОГРАМА За Учебната 2019/2020 година“. Општина Кичево. Посетено на 2021-01-13.
- ↑ Во некои документи се сретнува името Скендербеу, што е албанско именување за Скендербег.
- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-09.
- ↑ „СЛУЖБЕН ВЕСНИК“ (PDF). Службен весник. Посетено на 2021-01-13.
- ↑ „Во Кичево нема пари за нафта и струја за училиштата, ама има за плати за превработеноста со наставници и хаусмајстори“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2022-09-20. Посетено на 2021-01-13.
- ↑ НМ (2020-10-19). „Четворица наставници од училиштето во Србица инфицирани со ковид-19“. Нова Македонија. Посетено на 2021-01-13.

