Јагол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јагол

Поглед на селото

Јагол во рамките на Македонија
Јагол
Местоположба на Јагол во Македонија
Јагол на карта

Карта

Координати 41°37′40″N 21°3′20″E / 41.62778° СГШ; 21.05556° ИГД / 41.62778; 21.05556Координати: 41°37′40″N 21°3′20″E / 41.62778° СГШ; 21.05556° ИГД / 41.62778; 21.05556
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Горно Кичево
Население 215 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6254
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12026
Надм. вис. 800 м
Јагол на општинската карта

Атарот на Јагол во рамките на општината
Јагол на Ризницата

Јагол — село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на селото има старословенско потекло и доаѓа од „агол“ што означува конец, крај, ќоше. Може да има и турско потекло и да доаѓа од „агил“ со значење кошара.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, сместено во североисточниот дел на Кичевската Котлина, во северниот дел на подрачјето на Општина Кичево.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 800 метри. Од градот Кичево е оддалечено 15 километри.[3]

Селото се наоѓа во подножјето на планината Буковиќ и се наоѓа во непосредна близина на соседното село Јагол Доленци. Други околни села се: Бериково на север и Поповјани на југ.[4]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Кошариште, Драгушица, Влаиница, Осојница, Грамаѓе, Гавраник, Раделица, Рамниште, Странка, Каменица, Поле, Црква, Засврдел, Ѓурчевци и Горица.[4]

Селото има збиен тип и е поделено на два дела: западен со македонско и источен со албанско население.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Споменик на НОБ во селото

Јагол е старо село во Кичевската Котлина и во него има староседелски македонски родови. До почетокот на XIX век, Јагол било само македонско село.[4]

Според османлиски документи, во 1747 - 1748 година, жители на Букојчани воделе тужби против жителите и спахијата на селата Јагол и Строгомиште (Горно и Долно), кои завладеале со пасиштата на Букојчани.[5]

Месноста Ѓурчевци се наоѓа 15 минути пеш западно од селото, каде некогаш водел стариот пат Кичево-Гостивар. Таму се наоѓал ан, а постоеле и неколку куќи. Поради зулуми, народот се иселил, а денес таму се наоѓаат ниви.[4]

На почетокот на XIX век, во Јагол се доселиле три арбанашки домаќинства, кои потекнува од ист предок од некое село Морач во Албанија. Од таму избегале поради крвна одмазда. Овие Арбанаси почнале да прават злочини откако добиле земја од Македонците.[4]

Во XIX век, Јагол било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Куќи во Јагол со стопански објекти

Атарот е мал и зафаќа простор од 5,5 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 202 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 173 хектари, а на шумите 143 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Поглед на селото
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948398—    
1953394−1.0%
1961366−7.1%
1971365−0.3%
1981352−3.6%
ГодинаНас.±%
199111−96.9%
1994362+3190.9%
2002406+12.2%
2021215−47.0%

Според податоците од 1873 година, селото Јагол имало 43 домаќинства со 100 жители муслимани и 64 христијани.[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 270 жители, од кои 160 Македонци и 110 Албанци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Јагол имало 160 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Јагол се води како мешано македонско-албанско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 35 куќи.[9]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Јагол:[10]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
15 27 31 13 44 26 36 62

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци и 150 Албанци.[11]

Јагол е средно село по големина, чиј број на населението многу не се променил. Така, во 1961 година Јагол броел 366 жители, од кои 251 биле Албанци, а 113 жители Македонци, а во 1994 година броело 362 жители, од кои 351 Албанец, а 11 жители Македонци.[3]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Јагол, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[заб 1]

Според пописот од 2002 година, во селото Јагол живееле 406 жители, од кои: 4 Македонци, 399 Албанци и 3 останати.[12]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 215 жители, од кои 5 Македонци, 202 Албанци и 8 лица без податоци.[13]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Јагол:

Година Македонци Албанци Турци Срби Ост. б.п. Вкупно
1948 398
1953 165 221 2 5 1 394
1961 113 251 0 0 2 366
1971 77 286 0 1 1 365
1981 22 326 0 1 3 352
1991 11 0 0 0 0 11
1994 11 351 0 0 0 362
2002 4 399 0 0 3 406
2021 5 202 0 0 0 8 215

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови[уреди | уреди извор]

Јагол е мешано православно-муслиманско село. Во селото староседелци се само православните Македонците.[4]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

  • Македонски родови:
    • Староседелци: Ѓоревци (5 к.), Поповци (3 к.), Стамевци (3 к.), Јаневци (1 к.) и Јовевци (4 к.), ова се староседелски родови; **Доселеници: Јанковци (4 к.), доселени се од сега опустошениот град Закамен во Струшка Малесија; Вељановци (1 к.), доселени се од соседното сега албанско село Бериково и го знаат следното родословие: Димитрија (жив на 60 г. во 1961 година) Софронија-Вељан предокот кој се доселил од Бериково; Трпевци (4 к.), потекнуваат од предокот Јордан кој како дете дошол со неговата мајка дошол од селото Ново Село, таму припаѓале на родот Боглевци и Миљановци (1 к.), доселени се од селото Поповјани.
  • Албански родови: Османовци (13 к.), Велиовци (7 к.) и Шабановци (7 к.), потекнуваат од ист предок доселен од некое село во областа Мат. Помеѓу овие родови нема бракови, доселени се почетокот на XIX век, во родот Османовци се знае следното родословие: Исмаил (жив на 50 г. во 1961 година) Бајрам-Алија-Фејзо-Осман основачот на родот и Блацовци (9 к.), доселени се од некое село Блаце во Албанија.

Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[14]

  • Македонски родови: Ѓоревци (7 к.), Јовевци (3 к.), Поповци (5 к.), Мартиновци (5 к.), Митановци (1 к.) и Ќиревци (3 к.), староседелци; Јанковци (3 к.), доселени се од Закамен и Вељановци (1 к.), доселени се од Бериково.
  • Албански родови: Матовци (12 к.) и Хиховци (1 к.), доселени се од Матија во северна Албанија; Блатовци (7 к.), доселени се од Блаце кај Дебар (долен Дебар-околината на Пешкопеја).

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Месна заедница

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Осломеј.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Јагол Доленци, во која покрај селото Јагол, се наоѓале и селата Бериково, Јагол Доленци, Папрадиште, Поповјани и Туин. Во периодот 1950-1952, селото влегувало во рамки на некогашната општина Доленци, заедно со селата Бериково, Доленци, Јагол, Папрадиште и Поповјани.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0798 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 332 гласачи.[16]

Личности[уреди | уреди извор]

Личности родени во Јагол:

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Никола“
Цркви[17]
Џамии[17]
  • Џамија — главна селска џамија, која била изградена околу 1930 година
Споменици

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Македонците има доста иселеници, како постари, така и во поново време, поради што има иселено од сите родови. Иселеници главно има во Кичево, Тетово, Скопје, Белград, Видин и на други места. За поединечни родови се знае: Стамевци (1 к.) отишле во соседното Поповјани, Спасеновци (2 к.), отишле во селото Челопеци. Иселувањето на македонското население по Втората светска војна се засилило, поради што македонското маало е скоро целосно празно.[4]

Кај Албанците има отселени само три домаќинства: две во Поповјани и едно во Кичево.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 97.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 138. Посетено на 3 јануари 2021.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 46–47.
  5. Грозданова, Елена и Стефан Андреев. Малките селски войни, во: Контрасти и конфликти „зад кадър“ в българското общество през XV-XVIII век, София 2003, с. 441.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 90-91.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 255.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 156-157.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 37.
  10. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
  11. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  12. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 јануари 2021.
  13. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  14. Смиљанић, Тома, (1935) Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 јануари 2021.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 11 ноември 2019.
  17. 17,0 17,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Забелешки
  1. Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да земат учество (го бојкотираа) во Пописот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]