Букојчани
Букојчани — село во Општина Кичево, во областа Кичевија, во околината на градот Кичево.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во регионот Горно Кичево во подножјето на планината Буковик, оддалечено 14 километри северно од Кичево.
Историја[уреди | уреди извор]
Според османлиски документи, во 1747 - 1748 година, жители на Букојчани воделе тужби против жителите и спахијата на селата Јагол и Строгомиште (Горно и Долно), кои завладеале со пасиштата на Букојчани.[1]
Во 1873 година било забележано дека во селото има 8 домаќинства и 29 жители.[2]
Според бугарскиот етнограф Васил К’нчов, кон крајот на XIX век селото било мало и во 1900 г. имало 180 жители христијани (Македонци).[3] Од другата страна пак, според бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 240 жители.[4]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според податоците од 2002 година, во селото има 97 жители, од кои:[5]
Националност | Број |
Македонци | 23 |
Албанци | 74 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 162 |
1953 | 165 | 19 | — | — | — | — | — | 1 | 185 |
1961 | 185 | 28 | — | — | — | — | — | — | 213 |
1971 | 180 | 30 | — | — | — | — | — | — | 210 |
1981 | 129 | 36 | — | — | — | — | — | 3 | 168 |
1994 | 47 | 49 | — | — | — | — | — | — | 96 |
2002 | 23 | 74 | — | — | — | — | — | — | 97 |
Родови[уреди | уреди извор]
Букојчани е македонско село.
Родови во селото се:
- Староседелски: Вељановци (9 к.), Ридовци или Радичевци (3 к.), Сибиновци (3 к.), Марковци (1 к.), Наумовци (4 к.) и Вујовци (3 к.)
- Доселенички: Шендевци (4 к.) и Стојановци (3 к.) доселени се од Белица во Копачка.[7]
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:
- Староседелски: Лазевци (5 к.) и Мијајловци (4 к.)
- Доселенички: Стојановци (2 к.) доселени се од селото Маврово кај Гостивар; Радичовци (1 к.) доселени се однекаде.[8]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 823 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна деловна просторија.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 96 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ - изградена во седумдесеттите години на минатиот век, на темели од стара црква градена во 1882 година, а потоа урната. Фрескоживописот е дело на зографот Кузман Фрчкоски од Галичник, работен во периодот од 1976 - 1978 година.
Личности[уреди | уреди извор]
- Бранко Наумоски (1951 - ) - македонски правник, омбудсман и уставен судија;[11]
- Војо Стојановски (1949 - 2014) - македонски пејач;
- Гашо Тришески - Гаги - македонски фолк пејач;[12]
- Билјан Стојановски - македонски фолк пејач;
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданова, Елена и Стефан Андреев. Малките селски войни, в: Контрасти и конфликти „зад кадър“ в българското общество през XV-XVIII век, София 2003, с. 441.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 90-91.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 224.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 142-143.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-12-24.
- ↑ „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926)“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2019-11-02.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „ПОРАНЕШЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ“. Народен правобранител на Македонија. Архивирано од изворникот на 2012-06-03. Посетено на 2012-05-04.
- ↑ „ГАГИ ТРИШЕСКИ НОВО ЛИЦЕ НА ФОЛК СЦЕНАТА!“. Естрада плус. 20 април 2012. Посетено на 2012-05-04.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Букојчани на Карти на Гугл