Долно Строгомиште
Долно Строгомиште | |
Координати 41°35′34″N 20°58′23″E / 41.59278° N; 20.97306° EКоординати: 41°35′34″N 20°58′23″E / 41.59278° N; 20.97306° E | |
Општина | ![]() |
Население | 698 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 12070, 12570 |
Надм. вис. | 834 м |
Долно Строгомиште — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Горно Кичево.
Историja[уреди | уреди извор]
Според податоци за машкото население во 1873 година, во селото Остроголишта (Долни и Горно Строгомиште) имало 150 докаќинства и 400 жители муслимани.[1]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Долно Строгомиште живееле 450 жители, сите Македонци муслимани.[2]
Според податоците од 2002 година селото има 698 жители. 692 жители, од различни причини, се декларирале Албанци, 1 Србин и 5 останати.[3]
Најголем дел од населението претставуваат Македонци-муслимани.
На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 450[2] | 275 | 301 | 340 | 439 | 517 | 610 | 698 |
Родови[уреди | уреди извор]
Долно Строгомиште е торбешко село.
Родови во селото се: Рушовци (25 к.) и Мемовци (20 к.) потекнуваат од ист предок кој се доселил од соседното село Горно Строгомиште.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 818 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[5]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 596 гласачи.[6]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.96-97.
- ↑ 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.256.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Долно Строгомиште на Карти на Google
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |