Војо Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Војо Стојановски

Војо Стојановски (2 февруари 1949, Букојчани, Кичевско[1] - 6 мај 2014[1]) — македонски музичар, автор и пеjaч на народна музика.

Биографија[уреди | уреди извор]

Војо Стојаноски бил во брак со новинарката Евица Камберова - Стојаноска, со која го имаат синот Дамјан (роден во 1996 година). Дамјан продолжил по стапките на татко му, запишувајќи се на Факултетот за музичка уметност на отсекот - соло пеење. Истовремено, и тој започнал музичка кариера: на фестивалот „Филиграни“ ја добил наградата за најдобар дебитант, а на „Гоце фест“ ја освоил првата награда на публиката, за песната „Ај со господ напред“.[2]

По кратко боледување, Војо Стојановски починал на 6 мај 2014 година.[3]

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

Во текот на својата кариера, Стојановски испеал поголем број хитови, од кои најпознати се: „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ и „Свадба голема“.[4] По неговата смрт бил објавен компилацискиот албум (на два компакт диска) „Моја Македонијо“, кој содржи 19 песни што Стојаноски ги изведувал на фестивалот „Гоце фест“. Издавањето на албумот било помогнато од Министерството за култура на Македонија.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Почина Војо Стојановски
  2. Соња Алексоска Неделковска, „Му подарив албум на Војо како благодарност за убавите денови“, Антена, број 868, 13.2.2015, стр. 4-5.
  3. Наташа Спирова, „Филмаџиите жалат за Вилијамс, а музичарите - за Кокер“, Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 12-13.
  4. Наташа Спирова, „Филмаџиите жалат за Вилијамс, а музичарите - за Кокер“, Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 12-13.
  5. Соња Алексоска Неделковска, „Му подарив албум на Војо како благодарност за убавите денови“, Антена, број 868, 13.2.2015, стр. 4-5.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]