Гоце Фест

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гоце Фест
Животописни податоци
ЖанровиМакедонска музика
Период на активност1989-денес

Гоце Фест музички фестивал, за нови родољубиви и ново создадени патриотски македонски песни, кој се одржува со Скопје. Директор на фестивалот е Пеце Здравковски.

Историја[уреди | уреди извор]

Гоце Фест е фестивал за ново создадени родољубиви, патриотски песни, кој за првпат се одржал во 1989 година во Универзалната сала во Скопје. Името на фестивалот, потекнува од македонскиот национален херој Гоце Делчев, учесник на македонкото револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација. Фестивалот низ годините се одржувал во Универзалната сала во Скопје, сега неколгу години по ред се одржува во Домот на Армијата во Скопје. Низ годините на Гоце Фест, учествувале многу значајни имиња од македонската естрада, но и млади пејачи како: Петранка Костадинова, Гоце Арнаудов, Виданка Ѓорѓиевска, Ванчо Тарабунов, Виолета Томовска, Јонче Христовски, Круме Спасовски, Перо Христов, Маргица Антевска, Нино Величковски, Пепи Пафтировски, Блага Петреска, Ристо Краповски, Ани Малинкова, Војо Стојановски, Атина Апостолова, Ѓоко Дончев, Захаринка Милосављевиќ, Кате и Нели ти реков, Гоце Касапоски, Јулија Мациевска, Петар Нечовски. Зоран Марковски, Методија Столески и други... На Гоце Фест оставиле траен белег песните: "Одново ВМРО се роди" и "Егејска" од Виданка Ѓорѓиевска, "Мајка Султана" од Маргица Антевска, "Глас на Народот" од Гоце Арнаудов, "Дедовино", "Земјо делчева", "Барам прошка" од Ванчо Тарабунов, "Гоцевата порака" од Пепи Пафтировски, "Запејте македонци" од Виолета Томовска, "Ах рани рани" од Круме Спасовски, "Гоцева Македонија" и "Македонија ни е се" од Петранка Костадинова, "Само Македонија" од Перо Христов, "Вардаре, Пирин кај ти е?" од Гоце Касапоски, "Гоце син македонски" од Блага Петреска, "Раѓајте синови и ќерки убави" од Војо Стојановски, "Песна од земја далечна" од Гоце Николовски, "Весели Македонци" од Атина Апостолова, "Ако умрам Македонијо" од Билјан Стојаноски, "Простете неможе" од Ристо Краповски, "Македонијо земјо рисјанска" и "Биди вечна Македонијо" со Нацка Славкова, "Од илинден 120 лета" и "Крв македонска" од Методија Столески и многу други...[1]

Водителка на фестивалот е Сузана Апостолова, медиумски покровител е ТВ Сонце.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Фестивалот на родољубиви песни "Гоце Фест 2024" ќе се одржи на 15 март“. Нова Македонија. Посетено на 22 февруари 2024.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]