Ѓоко Дончев
Изглед
| Ѓоко Дончев | |
|---|---|
| Роден(а) | 2 мај 1949
Валандово, НР Македонија, ФНРЈ |
| Починал(а) | 15 јануари 2021 (возр. 71) Скопје, Македонија |
| Жанрови | народна музика, фолк музика |
| Занимања | пејач |
Ѓоко Дончев (2 мај 1949 во Валандово - 15 јануари 2021 во Скопје) — македонски пејач на народна музика и фолк музика.
Кариера
[уреди | уреди извор]Ѓоко Дончев е на македонската естрада повеќе од 35 години, и има создадено голем број на песни, од кои има три големи хитови „О доме мој“', „Чуј ги куме свирачите“ и „Сношти Кате пак те видов“. И има еден дует со Петранка Костадинова „Македонија името не го менува“. Тој е добитник на голем број на награди и признанија, од кои последните години, ги има добиено наградите за животно дело на Фолк Фест Роса во 2014 година, Гоце Фест во 2020 година, и постхумно му била доделена наградата за животно дело на Фолк Фест Валандово во 2023 година.