Блага Петреска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Родена 6 април 1947 (1947-04-06) (72 г.)
Прилеп, СФРЈ СФР Југославија
Националност Mакедонка
Занимање пејачка


Блага Петреска (6 април 1947 во Прилеп) — македонска пејачка на македонски изворни и новокомпонирани песни.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Завршила нижо музичко училиште во Прилеп, средно музичко училиште и Виша педагошка академија во Скопје. Три години работела како наставник во нижото музичко училиште во Прилеп, а три и пол децении како член на хорот при операта на Македонскиот народен театар во Скопје. Ја играла насловната улога во драмата „Коштана“ заедно со Петре Прличко. Првите снимки како интерпретатор ги направила со оркестарот на Кочо Петровски. За РТБ, а подоцна за повеќе македонски издавачки куќи снимила голем број плочи, ЦД и други носачи на звук со разни оркестари и групи.

Спотови[уреди | уреди извор]

Спот Година Режисер
Чувај ме 1986.
Три збора,три изгора 1986.
Песната може се 1992.
Свири ми свири невене 1996. Благоја Марковски
Пеам да не заплачам 1997.
Што да таксам на господа 1997.
Студена солза 2018.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петопрст“. Македонска енциклопедија , книга II (М-Ш): стр. 1144. (2009). Скопје: МАНУ.